Германската армија ќе го брани поморскиот премин во Црвеното Море

February 16, 2024
1 min read

Германската влада одобри учество на германските вооружени сили во мисијата на Европската унија „Аспидес“, чија цел е да ја заштити морската рута во Црвеното Море од нападите на Хутите од Јемен, соопштено е денеска.

„Постојаната ескалација на насилството и заканата по животите на екипажот на трговските бродови ја прави неопходна воената мисија“, рече заменик-портпаролот на германската влада Волфганг Бухенр на редовната прес-конференција на владата.

Германската фрегата „Хесен“ со екипаж од 240 членови пред десет дена веќе исплови од пристаништето Кил за да им се придружи на сојузничките сили во морето пред Јемен.

Одлуката на германската влада следната недела треба да ја потврди и Бундестагот каде мнозинство имаат владејачките партии.

Следната недела министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија треба да дадат конечно зелено светло за мисијата.

Бродовите од мисијата на ЕУ, за разлика од пловните објекти на САД и Велика Британија кои веќе учествуваат во мисијата „Посејдон Арчер“, нема да учествуваат во напади на позициите на паравоените формации Хути на копно, туку ќе ги штитат бродовите од проектили.

Фрегатата „Хесен“ е специјално опремена за придружба и заштита на бродови./makfax

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈЕЛЕНА РОЗГА ИМА НОВО МОМЧЕ? Помлад е од неа 10 години, а беа уловени додека пазарат среде ноќ – доволно е да ги дознаете името и презимето на неговиот татко! (ФОТО)

Следно

Мицкоски: Ќе следи реконструирање на владиниот кабинет, со спојување и раздвојување на ресори, без министри без ресор

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop