Мицкоски ветува: Скопје ќе има нов клинички центар

February 16, 2024
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју за ТВ21 вети нов клинички центар во Скопје, но и довршување на клиничката болница во Штип која би значела и регионален центар во кој би се лекувале и граѓани од околните места.

– ВМРО-ДПМНЕ секако планира да ја заврши во мандатот клиничката болница во Штип затоа што е потребна, затоа што е ветувана и врз основа на финансискиот капацитет и буџетските параметри ќе пристапиме кон реализација на овој проект, истакна Мицкоски во неговото гостувањето на ТВ21, одговарајќи на прашање околу ставот на ВМРО-ДПМНЕ за нов клинички центар.

Тој исто така додаде дека откако ќе се видат параметрите во буџетот ќе се одлучи која опција ќе се избере за изградбата на новиот клинички центар, но ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија мора да има јавно здравство кое ќе одговара на потребите на граѓаните.

Дали тоа ќе биде клинички центар надвор од постојното место, дали ќе се вратиме на стариот проект за којшто беше потпишан договор кој што беше пет до шест пати со помала цена споредено со оној договор во владата на ДУИ и СДСМ кога беше министер Венко Филипче и тие што го наследија, дали некој нов трет концепт, дали нешто коешто ќе биде нов финансиски модел, тоа откако ќе ги видиме параметрите во буџетот. Затоа што тоа што сега го имаме како параметар е навистина алармантно“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека многу е важно да не се повторуваат морбидните скандали коишто се случија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ.

– Нашиот став е дека мора да имаме модерно јавно здравство и јавно здравство коешто ќе одговара на потребите на граѓаните. Да не ни се случува Онкологија, да не ни се случува УКРО и сите оние, би рекол морбидни крими состојби коишто таму се случувале на грбот на пациентите. Да не ни се случува грабеж којшто се случуваше со „Стабри“ итн. Тоа е само еден мал дел од индициите со коишто ние располагаме и доказите со коишто ние располагаме, кажа Мицкоски.

Нов клинички центар во Скопје е ветуван во изминативе 15 години од сите партии во Македонија, но се уште не е изграден. Останува да се види дали и кога ќе биде изграден?

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викендов два конгреси на АА, еден на Таравари, другиот на Села

Следно

Корејците му врачија отказ на Клинсман, по само 12 месеци

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop