Грција го информира светот за неважечки македонски пасоши од 12 февруари

February 10, 2024
1 min read

Oфицијална Атина нема да ги признава пасошите на кои го нема официјалното ново име на македонската држава. Грчките медиуми јавуваат дека нивниот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис писмено ги известил колегите министри и меѓународните организации за обврската за патните исправи на Македонија од 12 февруари. Во официјалното писмо тој вели дека на 12 февруари завршува петгодишниот преоден технички рок од Преспанскиот договор за промена на патните исправи со новото име на нашата држава.

Ова известување тој го пратил уште на 30 јануари.

-Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Северна Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од договорот од Преспа, ги потсетува колегите грчкиот шеф на дипломатијата.

Амбасадорот на Белгија за Македонија, Фредерик Мерис, во интервју за „Независен“, најави дека работна група во Европската унија идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Преспанскиот договор според која од 13 февруари  сите пасоши мора да го содржат името Република Северна Македонија. Мерис оцени дека ќе биде лошо ако ЕУ нема заедничка позиција околу имплементацијата и ако земјите членки поединечно одлучуваат како да ги третираат македонските граѓани со невалидни пасоши.

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно

Следно

Автомобилските мотори трошат ко што се цица буџетот – за џабе

Latest from Blog

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета од нуклеарна подморница

Кина тестираше ракета со голем дострел во Јужниот Пацифик; Австралија го оцени потегот како „дестабилизирачки за регионот“ Лансирањето на ракетата се случи само неколку часа откако Австралија и Фиџи потпишаа договор за

Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројца осомничени за насилство врз дете во Маџари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени за насилство врз малолетно лице во скопската населба

На Македонската берза промет од 14,5 милиони денари, доминираше Комерцијална банка

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската
Go toTop