Децата кои пијат енергетски пијалоци се поподложни на ментални нарушувања

February 9, 2024
1 min read

Според истражувањето на Универзитетот во Њукасл и Тисајд, енергетските пијалоци можат да имаат негативно влијание врз детскиот мозок, бидејќи нивната употреба го зголемува ризикот од ментални проблеми, вклучувајќи нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание (АДХД), депресија, анксиозност и самоубиствени мисли.

Конзумирањето енергетски пијалоци има за цел да ја зголеми енергијата со кофеин и други стимуланси.

Во студијата објавена во списанието „Public Health“, научниците ги земале предвид податоците од 57 студии кои опфатиле 1,2 милиони деца и млади луѓе од повеќе од 21 земја кои консумирале енергетски пијалоци.

Британските научници ја спроведоа оваа студија како продолжение на првичното истражување од 2016 година и открија уште понегативни последици по менталното и физичкото здравје на децата предизвикани од консумирањето енергетски пијалоци, изјави главниот автор на студијата, професорката Амелија Лејк од Универзитетот на Тисајд за „Фокс њуз“.

„Ја повторивме студијата само за да најдеме поголеми, јасни докази кои укажуваат дека консумирањето на овие пијалоци е поврзано со негативни здравствени резултати“, додаде таа.

Врз основа на овие наоди, истражувачите и другите британски здравствени организации ја повикаа владата да ја забрани продажбата на енергетски пијалоци на деца под 16-годишна возраст.

Содржината на кофеин во енергетските пијалоци се движи од 50 mg до 505 mg по пијалок.

„Овие докази укажуваат дека енергетските пијалоци немаат место во исхраната на децата и младите“, заклучува Лејк.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Озил: Со воведување на син картон Атлетико ќе игра со шестмина на теренот!

Следно

Вкупно 20 случаи на голема кашлица во Скопје, надлежните апелираат на вакцинација

Latest from Blog

Николоски: Продолжуваме со силни инфраструктурни проекти во сите општини

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска на свеченото отворање на градскиот пазар во Виница порача дека државата продолжува со силна динамика на инфраструктурни инвестиции во општините. Тој истакна

Масивен украински напад со беспилотни летала врз Москва и околните области, најмалку тројца мртви (ВИДЕО)

„Технологијата“ на московската рафинерија за нафта не е оштетена во нападот во текот на ноќта, додека три куќи се оштетени, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека повеќе од 120 беспилотни

Проданоски со жителите на Ново Лагово го прославија денот на осветувањето на црквата „Света Петка“

Дејан Проданоски денеска присуствуваше на одбележувањето на денот на осветувањето на црквата Света Петка, каде заедно со жителите на Ново Лагово и бројни гости и пријатели го прославија големиот празник. Во својата

Проданоски на одбележување на „Света Петка“: Мир, здравје и бериќет за сите семејства

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на денот на осветувањето на црквата „Света Петка“ во Ново Лагово, каде заедно со жителите, гостите и пријателите беше одбележан празникот. Проданоски истакна
Go toTop