ДУИ си поставува двајца нови министри, за досегашните АА не побара да бидат поставени, вели Снопче

February 9, 2024
1 min read

Продолжува конфликтот во рамки на Алијансата за Албанците. Денес, пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче во изјава за медиумите истакна дека партијата не побарала разрешување на министритe за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

-Сакам да известам дека Алијансата за Албанците не побарала такво нешто од Владата, од господинот Талат Џафери како технички премиер на оваа Влада. Органите на АА стојат позади министрите Алиу и Меџити и Централното собрание и Претседателството. Тоа се докажа и сношти каде што од 29 членови на Претседателството 17 беа присутни и физички, рече тој.

Снопче изјави дека вчера донеле одлука за поддршка на повикот на Таравари на следните избори да коалицираат со албанската опозицијата.

-Одлуката нема врска со нашето партнерство во оваа Влада. Ако се случи такво нешто, сакам да кажам дека ние немаме ниту една обврска кон договорите со оваа Влада и со СДСМ и со никој друг. Значи, тие сами решаваат да не’ избркаат од Владата, нешто слично како што се случи во 2017 година. Интересен факт е дека ова се случува под диригентска палка на Артан Груби и по се изгледа тие луѓе, нашите сопартијци што не се согласуваат со повикот на нашиот претседател на следните избори да одиме заедно со опозицијата преку Артан Груби сакаат да направат пуч во партијата и очигледно имаат избрано еден вршител на должност на претседател на таа група кој што е Артан Груби. Ние го споделивме со медиумите дописот на Артан Групи со директорите, кој ТВ 21 објави дека им наредува да не примаат никаква наредба од министерот Меџити се додека не се избере новиот наш министер. Значи, кој е тој наш министер што се избира? Значи, дали ДУИ ќе има двајца други министри. Значи, колку што има плус двајца. Тоа не е барање на АА и уверувам дека СДСМ самоволно како во 2017 година ако се случи такво нешто значи се откажува соработката со АА и ние нема да имаме никаква обврска кон договорените работи со СДСМ, потенцира Снопче.

Според Снопче, кадровска комисија нема ингеренции да предлага до Владата.

-Кадровска комисија не може да предлага до Влада. Која е кадровската комисија? Ингеренциите на таа комисија се само да за да може да предложи до Претседателството на Алијансата за именување и разрешување на кадри. Нема никаква друга ингеренција. Затоа велам дека е извршен пуч. Порака до Ковачевски да внимава бидејќи ние не сме должни да почитуваме никаков договор со СДСМ и Владата, рече Снопче.

Тој додаде дека ниту Таравари, ниту, како што рече членовите на Центраното собрание кои вчера застанале зад партискиот претседател утре нема да присуствуваат на Централното собрание закажано од Зијадин Села.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Следно

Озил: Со воведување на син картон Атлетико ќе игра со шестмина на теренот!

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop