Забавено темпото на поскапување на пиците во ЕУ

February 9, 2024
1 min read

Во декември 2023 година цените на пиците во ЕУ биле за 5,9 отсто повисоки отколку во истиот месец претходната година, кога овој традиционален италијански специјалитет бил за 15,9 проценти бил поскап во споредба со последниот месец во 2021 година, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат по повод Националниот ден на пицата – 9 февруари.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, пиците лани во декември најмногу поскапеле во Унгарија и тоа за 13,4 отсто, по што следат Луксембург каде цените на овој специјалитет се зголемиле за 11,3 и Летонија за 10,6 проценти.

Единствената држава во Унијата каде пиците поевтиниле на годишно ниво и тоа за 0,9 отсто е Холандија.

Пред Холандија, на самото дно на листата се Данска каде пиците поскапеле за само 0,6 проценти и Белгија за 1 отсто.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Топ 100-те“ најплатени спортисти заработиле вртоглава сума на пари во 2023: Роналдо убедливо прв на врвот на листата

Следно

Снопче: Можеби имаат 100 активисти, но немаат членови на Собранието

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop