Рибите да не се откажуваат, Овенот да организира некое добро излегување

February 9, 2024
2 mins read

OВЕН

Сите очекувања се дека ќе бидете задоволни на крајот на работниот ден од постигнатото. Многу добар ден да уживате во вниманието на саканата личност, но доколку и посветите време. Организирајте некое излегување. Можни респираторни тегоби.

БИК

Од вас се очекува посебен ангажман и почнување на нови иницијативи. Ќе ви биде потребна помош од искусните соработници. Потрудете се денот со саканата личност да го минете опуштено и на некое убаво место. Многу добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Одличен работен ден. Може да ви се укажат бројни можности за нови контакти и преставување на нови идеи. Бидете на висина на задачата. На љубовното поле, очекувајте неколку интригантни ситуации, па околностите за нови можности се поволни. Можна главоболка.

РАК

Бројни предизвици и пречки се пред вас денеска. Совет е да не почнувате нови работи затоа што и постоечките ви задаваат проблеми или поголеми потешкотии. Обидете се повеќе внимание да насочите кон саканата личност, а не само кон себе и кон сопствените потреби. Потребна ви е психофизичка релаксација.

ЛАВ

Без разлика што е крај на работната седмица, многу интересни идеи, кои чекаат професионална реализација, можат да добијат конкретни ветувања за почеток. Може да запознаете една интересна и привлечна личност. Само прашање е колку ќе имате заеднички точки за нешто заедничко. Многу добро здравје.

ДЕВИЦА

Важно е да не губите трпение и да не се нервирате ако во текот на денот не оди се според планот и онака како што сте очекувале. На љубовното поле постојат контакти кои ви годат, но и натаму нема простор за љубовна приказна. Пад на имунитетот.

ВАГА

Крајот на работната седмица го очекувате многу ангажирано на професионалниот план. Се ќе биде насочено кон квалитетно и професионално одработување на обврските. Одличен ден за провод, за дружење со пријателите. Искористете го на најдобар можен начин и уживајте. Многу добро здравје.

ШКОРПИЈА

Некои договори може да бидат променети или искомплицирани во последен момент, но тоа не значи дека треба да се откажеете од нив. Нема најави за капитални промени на вашето љубовно поле. Евентуално некоја необврзувачка комуникација преку социјалните мрежи. Многу добро е здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Водете сметка да не се оптоварите премногу со обврски, затоа што ви недостасува енергија. Завршете го прво што е приоритетно. На љубовното поле, бројни варијанти ви се мотаат низ глава, па ќе биде тешко да се одлучите. Изберете она што најмногу ви е кон срце. Здравјето е добро.

ЈАРЕЦ

Можно е да ви се отворат многу добри шанси за кои треба да размислите за работното поле. На љубовниот хоризонт, обидете се да го сопрете нетрпението затоа што во блиска иднина ве очекуваат поволни околности за преземање на иницијативи. Одморете се добро.

ВОДОЛИЈА

Со нешто поголем напор и вложена енергија, ќе успеете да ги совладате сите пречки. Очекувајте и поддршка и пофалби од страна на оние кои одлучуваат. Не е лош ден ако сте замислиле да се посветите на некои промени во вашиот љубовен живот. Многу добро здравје.

РИБИ

Бидете подготвени на промени, на пресврти на информации кои ви носат нови можности. За слободните припадници на овој знак, работи времето. Важно е да бидете трпеливи и да не се откажувате. Можна главоболка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Следно

Собранието треба да ги разреши министрите Меџити и Алиу и да избере нови

Latest from Blog

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот  Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop