Вработените во Филхармонија со петиција бараат разрешување на в.д. директорот Лазаровски

February 8, 2024
1 min read

Вработени во Македонска филхармонија поднесоа петиција до Министерството за култура за итно разрешување на в.д. директорот Даниел Лазаровски. Причина е, како што се наведува, во неговото непрофесионалното и неуко менаџирање кое има големи негативни последици врз целокупното функционирање на институцијата. Петицијата ја потпишаа 100 вработени во Македонска филхармонија.

Во соопштението се наброени постапките на в.д. директорот кои се косат со законските обврски и домаќинското управување со оваа културна институција. Притоа се наведува нарушување на воспоставена меѓународна соработка од страна на Лазаровски, неговите закани и мобинг кон вработените, како и злоупотреба на службената положба и овластувањ и кршење на синдикални права.

-В.д. директорот еднострано го раскинува потпишаниот договор за шеф диригент со маестро Јерухам Шаровски од Израел, по што е покрената правна постапка против Македонска филхармонија од страна на маестрото. Истата ќе предизвика сериозни финансиски импликации и нарушување на функционирањето и угледот на институцијата на меѓународната сцена. Оркестарот е целосно изолиран од меѓународни соработки, проекти и турнеи по назначувањето на Лазаровски за в.д. директор. Дополнително, како резултат на непостоењето, односно непреземањето на промотивни активности за јубилејот 80 години Македонска филхармонија, институцијата се соочува со драстичен пад на публиката на редовните концерти, се наведуав во петицијата.

Се додава дека одредени музичари се назначуваат спротивно на работната позиција за која што засновале работен однос, па вработените кои ги назначува во составот на пониска позиција, ги деградира, а оние на повисока ги става во незавидна положба. Како резултат на тоа меѓучовечките односи се нарушуваат и тимската работа виси на конец, а изостанува и соодветната комуникација помеѓу директорот и вработените.

-Уште повеќе, в.д. директорот без обезбедени материјали и средства за работа, се обиде со различен тип на закани кон вработените, да спроведе реаудиција на музичарите.  Спротивно на Законот за работни односи, на одредени вработени во институцијата им се толерира отсуство од работа повеќе од 3 дена. Спротивно на Законот за јавни набавки и Договорот за јавна набавка за потрошен материјал, в.д. директорот му ја исплатува на добавувачот целосната сума пред испорака и проверка на потрошниот материјал (предмет на набавката), со што и оневозможува на институцијата да поднесе рекламација, замена, намалување на цената, тврдат вработените.

Тие додаваат дека на Македонска филхармонија, како и на сите останати институции од културата во земјава им се потребни управители со долгорочна визија за развивање и унапредување на уметноста и културата.

-За жал, сегашниот в.д. директор на Македонска филхармонија со своите постапки не покажа дека има капацитет да управува и раководи со една од најзначајните културни институции во земјата, се потенцира во обраќањето.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Партиските тела треба да одлучат за настапот на изборите

Следно

Kошаркар на Мајами предизвикал тешка сообраќајна несреќа

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop