Борел утрото го мина во скривница, па присуствуваше на донација на систем за деминирање од ЕУ за Украина

February 7, 2024
1 min read

Додека се бори против агресорот, Украина во исто време и се обновува, при што нејзините деминери преземаат исклучително опасната, но суштинска задача, за да ја исчистат ослободената територија од смртоносните мини што зад себе ги оставија руските агресори, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во Киев на церемонијата на предавање на системот за расчистување мини ДОК-ИНГ МВ-10, кој е донација од Унијата за Украина. 

– Чест ни е што можеме со оваа европска опрема да ја направиме побезбедна и поефикасна работата на украинските деминери. Заедно можеме да помогнеме да спасиме животи и да придонесеме за подобра иднина за Украина, рече Борел при предавањето на донацијата на украинската Државна специјална транспортна служба. 

Донацијата е во рамки на пакетот за поддршка на ЕУ за деминирање за Украина вреден 25 милиони евра. Досега ЕУ како дел од овој пакет на Украина и донираше основна опрема за деминерските тимови, специјални пиротехнички возила и автоматизирани системи за деминирање. 

Системот за деминирање на далечински управувач МВ-10 се користи за расчистување на противпешадиски и противтенковски мини, како и други експлозивни средства и е погоден за работа на големи површини. МВ-10 може да деминира до 4000 квадратни метри на час. 

Борел кој од вчера престојува во дводневна посета на Украина, во текот на вчерашниот ден го посети Центарот на Мисијата на ЕУ за обука на украински безбедносни сили, каде досега е спроведена обука на 150 припадници на Националната полиција и Националната гарда. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Балансерот за етнички вработувања треба да се замени

Следно

Без вода дел од Дебар Маало

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат
Go toTop