Внатрепартиска трка, Таравари утре ќе одржи централно собрание во Куманово

February 7, 2024
1 min read

Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари ќе го претрка Зијадин Села. Утре во Куманово ќе одржи централно собрание за да докаже дека го има мнозинството во партијата кое застана зад одлуката на партискиот лидер за изборен настап со опозицискиот Европски сојуз. 

Најавата за одржување на паралелно централно собрание дополнително ја вжештува внатрепартиската битка помеѓу поддржувачите на Таравари и тие на Села, кои се за самостоен настап на изборите.

До вжештување на ситуацијата доаѓа откако вчера на барање на кадровската комисија на Алијанса за Албанците беа разрешени директорите на  „Македонски пошти“ и на Агенцијата за странски инвестиции Бујаре Абази и Газменд Авдија и на нивно место се именувани кадри поддржувачи на Села. Се очекува Владата да побара Собранието да ги разреши и министрите за здравство и за информатичко општество Фатмир Меџити и Азир Алиу, откако тие јавно порачаа дека нема да поднесат оставки од функциите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на Агенцијата за атомска енергија ќе ја посети нуклеарната централа Запорожје

Следно

Ја запалил куќата, па скокнал во базен во кој загинал – пожар однесе човечки живот

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop