Лајчак: Внимателно ги следам случувањата кои особено ги погодуваат Србите на Косово

February 6, 2024
1 min read

Косовскаста влада подготвена да одговори на забележшките на САД и ЕУ за одлуката за укинување на српскиот динар и воведување на еврото.

Албин Курти вели дека сите косовски институции се подготвени брзо да ја решат секоја загриженост на западот во однос на  регулативата на Централната банка на Косово, која забранува употреба на српскиот динар за плаќања во Косово. Според Курти, од стапувањето во сила на оваа регулатива, ниту еден бизнис во сопственост на Срби во Косово или во општините каде што живеат Срби не е казнет или парично казнет.

„Не се попречува пристапот на финансирање, а воедно се нуди физички пристап преку банките и небанкарските финансиски институции низ државата – само во четири општини на северот од државата има вкупно 15 небанкарски финансиски институции и четири филијали на комерцијални банки.“ – изјави Курти.

По реакциите на САД и Европската Комисија, со порака се јави и специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак кој вели дека Брисел внимателно ги следи случувањата во врска со одлуката на централната банка на Косово да го укине српскиот динар.

„Ги следиме случувањата фокусирајќи се на актуелната динамика на процесот на нормализација. Во тој контекст, внимателно ги следам случувањата во врска со неодамнешната уредба на Централната банка на Косово за готовинското работење, која особено влијае на српските заедници кои живеат на Косово.“ – изјави Мирослав Лајчак  специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупредува дека намерно се прави притисок врз србите кои живеат на косово и дека ссотојбата особено на северот на косово, е многу тешка, особено бидејќи српскиот динар е единствената легална валута, а Косово не може да добие дозвола да ја користи.

„Црна Гора може бидејќи има дозвола преку Германија. Косово нема ништо.“ – изјави Вучиќ.

ОД обединетие нации велат дека го добиле барањето на србија за итно оддржување на седница на советот за безбедност. Точното време кога ќе се се оддржи седницата се уште не е утврден.

Амбасадорот на Србија во ОН откри дека во барањето се наведува дека на територијата на Косово кулминираат долгорочните, добро планирани и систематски дејствија кои имаат за цел да обезбедат неподносливи услови за живот за Србите на северот на земјата и да ги принуди да се иселат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“ и Хабитат Македонија со нова донација ќе реновираат два објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка

Следно

Јакимовски: Протестот на граѓаните е политички мотивиран

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop