Ѓорѓиевски за ТВ 24: ВМРО-ДПМНЕ очекува 55 пратеници во следниот собраниски состав

February 5, 2024
1 min read

Јас го осудувам секој вид на насилство вклучително и ова сега во Алијанса. Ние како ВМРО-ДПМНЕ подготвуваме политичка програма и го таргетираме нашето гласачко тело. Според нас е подобро да се групира опозициското политичко тело. Гледаме дека има незадоволство дури и кај оние кои се сега во владејачката гарнитура. Кај целото население во Македонија се јавува свест дека сме заглавени овие седум години и нема никакво придвижување, па оттука ќе се окрупнува опозицискиот блок, можеби не со ВМРО-ДПМНЕ но можеби одвоени, вели Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

– Мислам дека позицијата треба да се повлече некое време во опозиција и да согледа што направиле или не направиле, оти тоа значи да го послушаат гласот на народот, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ очекува да има 55 пратеници во следниот состав на парламентот, а тоа го темели и врз основа на ситуацијата на терен, но и врз основа на анкетите од различни куќи. – За мене не се европски вредности да нема лекови и да има пукање по улици, – вели Ѓирѓиевски.

– Седум години постојано на функционерите на СДСМ устата им е полна со Европа. Зошто тоа би било пречка да се решат проблемите во здравството и сите сфери во општеството, како и да се справат со криминалот и корупцијата?, вели Ѓорѓиевски.

За сите случаи на насилство треба да важи законот, вели Ѓорѓиевски. – ДУИ не може постојано да се чуди што се случува, а постојано е приврзок на некоја од големите македонски партии. Како што е време СДСМ да оди во опозиција така и ДУИ треба да оди во опозиција, вели Ѓоргиевски.

– Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ е против европски вредности. Одењето по европскиот пат не ве попречуваше да направите подобар живот во овие седум години владеење, – вели Ѓорѓиевски.

Во врска со изгласувањето на Талат Џафери за технички премиер Ѓорѓиевски вели дека е грешка што нема да се повтори оти тој потекнува од партија која секој ден има по еден скандал.

– Мислам дека прв премиер Албанец не е достигнување, достигнување е кога Албанците ќе живеат подобро, – вели Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бакингемската палата: Дијагностициран рак кај кралот Чарлс

Следно

Србија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН: Сакаат етничко чистење на Косово

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop