Град Скопје: Почнува првата фаза од булеварот „Македонија“, втората ќе биде поврзување со подземната сообраќајница кај „Лимак“

February 5, 2024
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот „Македонија“, соопшти денеска Градот Скопје. Овој булевар треба да го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата „Јордан Мијалков“, улицата „Павел Шатев“, улицата „Св. Кирил и Методиј“ и булеварот „Кочо Рацин“.

-Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар „Крушевска Република“ и улица „11 октомври“, втората меѓу булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Македонија“ и третата на двата краци на булевар „Македонија“ кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“, се наведува во соопштението.

Се додава дека реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

-Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа, објаснуваат од Градот Скопје.

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски: УСС ќе иницира календар на активности на кои МОН ќе мора да се придржува

Следно

Мао Це Запад

Latest from Blog

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат
Go toTop