Николовски: УСС ќе иницира календар на активности на кои МОН ќе мора да се придржува

February 5, 2024
1 min read

Претседателот на УСС на УКИМ  Александар Николовски изјави дека се револтирани поради неисплаќањето стипендии и други субвенции за студентите.

– Покажуваме црвен картон кон вработените во МОН и УСС се залага студентите во иднина да бидат слушнати и нивниот глас да биде уважен. Во фб-статусот на министерот Јетон Шаќири беше напишано дека се легнати средствата, но според ветувањето средствата требаше да бидат легнати првично на средината на јануари, па крај на јануари. И тоа е само за стипендиите. Покрај тоа, имавме средства за ретроактивно исплата, имавме мерка ваучери за превоз, како и проблеми со студентскиот оброк. Така што, овој револт е создаден поради ненавремената исплата на сите мерки и неодговорното работење на самата институција, изјави Николовски.

 

Соопшти дека  бараат промена  на самиот систем и дека следен чекор ќе им биде иницијатива за воспоставување календар на активности на кои МОН ќе треба да се придржи и да има навремена исплата на сите студентски мерки. Ќе бараат, рече, и промена во Законот за студентски стандард.

Студентите на протестот го повикуваа министерот да дојде, но ја одбија неговата покана да имаат средба во МОМ. Додека трае протестот, министерот Јетон Шаќири ги свика медиумите на прес-конференција.

Со свирежи, транспаренти и “црвени картони” студентите денеска се собраа на булеварот пред МОН во знак на незадоволство од, како што велат, ефикасноста на МОН бидејќи не ги почитува роковите за  исплата на стипендиите и на други субвенции.

Со протестот студентите бараат поголема ефикасност на МОН поради ненавремена исплата на студентските стипендии, задоцнети исплати на ваучерите за превоз, доцнења со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите, проблеми со мерката субвенциониран студентски оброк, поради непочитување на утврдените рокови и, како што велат, проблеми во координираноста помеѓу одделенијата во Министерството.

Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое соопшти дека студентите  „го креваат гласот обединети“, затоа што имаат поддршка  и од универзитетските студентски собранија на државните универзитети „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, како и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ.

На протестот учествува и неформалната организација „Студентски отпор“ која претходно закажа протест пред МОН во 16 часот, но се придружи на иницијативата на УСС на УКИМ  и на заеднички протест во 14 часот заради масовност и единственост во барањата. Како што соопшти, „само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ се надева дека Турција е свесна оти постои меѓународна потерница по Путин, порача Стано

Следно

Град Скопје: Почнува првата фаза од булеварот „Македонија“, втората ќе биде поврзување со подземната сообраќајница кај „Лимак“

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop