ЦУК: Во изминатото деноноќие 19 пожари на нискостеблеста шума

February 5, 2024
1 min read

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало најмалку 19 евидентирани „зимски“ пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Биле ангажирани пожарникарите во одредени региони за гаснење и по пет пожари на отворено.

Биле ангажирани пожарникари и тимови од: Скопје (5 пожари), Прилеп, Крушево, Струмица (4 пожари), Радовиш (2 пожара), Гевгелија, Охрид, Кичево, ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, Неготино (2 пожара), Виница, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане (5 пожари), Ранковце и од Национален Парк „Шар Планина“.

Инаку, последниот пожар на отворено бил синоќа во 20:15 часот помеѓу селата Урвич и Ново село, Општина Боговиње на околу 400 метри над патот.

Горела смрека, сува трева и ниски растенија на карпест предел и нема опасност од проширување кон висока квалитетна шума, според одговорните лица на Национален Парк „Шар Планина“, коишто биле на местото на пожарот и самите за релативно кратко време успеале да го локализираат пожарот.

Во 21:40 часот, а била зафатена површина од 2 до 3 хектари со смрека, гранки, ниска вегетација во карпест предел, при што немало опасност да се зафати со оган квалитетна шума, информираат од ЦУК.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчките земјоделци продолжуваат со симболичните блокади

Следно

На Трудо ништо не му се погоди

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop