Шефот на турската дипломатија предупреди на потенцијална ескалација во регионот

February 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, вчера предупреди на потенцијална ескалација во регионот во текот на актуелните американски воздушни напади врз групите поддржани од Иран, известува Анадолу.

„Кога си играте со оган, тој оган во секој момент може да прерасне во пожар, станувајќи неконтролиран. Тука се соочуваме со ризик, а прашањето на неконтролираноста стои пред нас како закана“, предупреди турскиот министер Фидан во интервју за една турска национална телевизија.

Соопштувајќи дека Туркије постојано е во разговори со САД и регионалните партнери, Фидан рече:

„Мора да избегнеме ширење (на конфронтациите) во регионот. Ситуацијата не е добра. Може да се соочиме со поголема ескалација“, рече шефот на турската дипломатија.

Зборувајќи дека прашањето за безбедноста на Израел постојано се поставува во светското јавно мислење, Фидан истакна дека Израел ѝ дава предност на територијалната експанзија во однос на безбедноста.

Тој рече дека Израел ќе се чувствува безбедно откако ќе престане да ја „лаже“ меѓународната заедница и на Палестинците им даде сопствена држава.

Потсетувајќи дека земјите во регионот повеќепати изјавиле дека се подготвени да ја преземат одговорноста, Фидан посочи:

„Кога овојпат го изнесовме решението за две држави, основен фактор беше нашиот предлог за механизам гарант, што го прави методолошки различен“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува штрајкот во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети

Следно

Во Тетово нападнат Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за одземен имот

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop