МАГИЧНО Е КОЛКАВО БОГАTСТВО СЕ КРИЕ ВО ЕДЕН ВАКОВ НАВИДУМ ЕДНОСТАВЕН ЧОВЕК КАКО ЧАУШ, РЕЧЕ ГОЦЕ БОЖУРСКИ НА ОТВОРАЊЕТО НА РЕТРОСПЕКТИВНАТА ИЗЛОЖБА

February 4, 2024
1 min read

Кога ќе ја погледнете изложбата на Ангел Димовски-Чауш со слики, слики-објекти, цртежи, акварели во кои истражува и создава комбинирајќи и употребувајќи невообичаени и несликарски материјали, ќе се прашате колкаво инвентивно богатство се криело во еден ваков навидум едноставен човек, рече уметникот Гоце Божурски на неодамнешното отворање на ретроспективната изложба во Чифте амам.

Изложбата „50 години творештво“ ќе биде отворена до 20 февруари.

Делата на Димовски- Чауш, кој живее на релација Македонија-Франција, творени во текот на изминативе педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини. Куратор е Љупчо Маленков, а соработник куратор е Горанчо Ѓорѓиевски, кустос во Националната галерија на Македонија (НГМ).

Изложбата ќе трае до 20 февеуари. (Фото: НГМ)

„Кога во средината на 1980-тите за првпат имав прилика да видам дела на Чауш, мислев дека тоа се остварувања на автор кој веќе е во зрела старосна и творечка доба. Таквиот впечаток се должеше на убедливоста, на зрелоста, ликовно-естетската профилираност и уметничка изграденост на неговиот израз, на восхитувачката, непосредна доживувачка приемчивост на скулптурите. Дури подоцна, од неговата биографија сфатив дека меѓу нашата возраст разликата е само 5/6 години, ама ми се чинеше дека тоа што тој уште на стартот го создава за мене е недофатливо, недостижно. Респектибилното чувство уште од тие моменти ниту избледело, ниту се намалило. Ете затоа и неговиот прекар Чауш, кој му е уште од средно уметничко, баш му прилега (а чауш е чин во османлиската војска, а го означува оној кој заповеда, оној кој издава наредби). Додуша, бидејќи бев претседател на средношколска младина, некои и мене ме викаа „ќато“ или „чауш“, ама тоа траеше само во тој период. Значи, не сум бил роден за таква титула. Ама, Чауш си е Чауш, еднаш засекогаш“, рече Божурски.

 

Од отворањето на изложбата. (Фото: НГМ)

Божурски исто така кажа дека Димовски-Чауш веќе го пронашол својот естетски принцип, кога го оформил, го вообличил, го „искристализирал“ ликовниот скулпторски ракопис, му било сосема јасно дека „се пронашол како автор“ така што ниту имал потреба од некакви промени, ниту пак некој од  уметничката фела тоа го очекувал.

„Тоа по што го распознаваме низ овие пет децении само продолжи да се доусовршува, дефинира и да се етаблира на македонската ликовна сцена како трајна вредност, како стабилен, истраен, искрен, непроменлив, непоколебливо оформен уметник“, рече Божурски.

Тој кажа и дека Чауш беше еден од првите приклоници и протагонисти на хипи движењето во нашата земја, и токму тие склоности однеле на далечни дестинации, студиски и туристички патувања.

„Сосема очигледно е дека до последниот атом во неговите артистички дамари се уште егзистираат нескротливи креативни импулси, а неговата душа освен уметност ја исполнува и неговото семејство. Ете, затоа се вели-цело е кога има се“, рече Божурски.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјанец пронајден починат во својот дом

Следно

Хојлунд стана најмладиот играч на Манчестер кој постигнал гол на четири последователни натпревари во Премиер лигата

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop