Враќањето на мисијата Аксиом-3, во која е и турскиот астронаут Гезеравџи, одложена за 6 февруари

February 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Враќањето на Земјата на вселенското летало Драгон и тимот на мислијата Аксиом-3 (Ax-3), во која е и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено за 6 февруари поради сè уште неадекватни временски услови, пренесува Анадолу.

Спејс икс објави дека заминувањето на тимот Ax-3 од Меѓународната вселенска станица повторно е одложено.

Во соопштението се наведува дека екипажот на Ax-3 и Драгон нема да може да се врати пред 6 февруари поради временските услови на брегот на Флорида.

Враќањето на тимот на Ax-3 на Земјата првично беше планирано за 3 февруари, но потоа беше одложено за 5 февруари поради неповолните временски услови на брегот на Флорида.

Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида, со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија Спејс икс и пристигна на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари.

Екипажот беше одговорен за спроведување на над 30 научни експерименти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расте бројот на жртви од украинското бомбардирање врз пекара во Лисичанск

Следно

Двајца пилоти загинаа во хеликоптерска несреќа во Турција

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop