Васко Карангелевски со херојство од обичен партизан стаса до главен на цела армиска област

February 3, 2024
1 min read

Сомнежот околу неговото трагично загинување пред 47 години остана. Официјална верзија е дека загинал во „несреќен случај“ на 3 февруари 1977 година при лов на терените на Караџица. Уште тогаш се јавија сомнежите како Каско Карангелески, искусен партизан, борец, генерал, можел така да загине. Тогаш беше соопштено дека „поради невнимание при лов пушката сама му испалила во пределот на стомакот…“

Инаку, сеќавањето на Васко Карангелевски, роден на 7 јули 1921 година во битолското село Брусник остана меѓу народот. За тоа има и причина  бидејќи тој беше првоборец, а на крајот од воената кариера и генерал-полковник на ЈНА. Роден е во сиромашно земјоделско семејство. Кога навршил 20 години веќе стасала и војна во Македонија, а тој веднаш ја избрал антифашистичката страна. На почетокот во 1941 година, Васко се приклучил на новоформираната младинска група во селото, станува и скоевец, и почнува да учествува во собирање на тружје, муниција и опрема за формирање на партизански одреди. По формирањето на првите партизански одреди во битолскиот регион Васко заминал во партизани. Во првата половина на 1943 година бил поставен за командир на вод во Одредот, а потоа и за командир на чета на Битолско-преспанскиот одред „Гоце Делчев“, формиран во мај 1943 година од борците на Битолско преспанскиот  НОПО „Даме Груев“ и новопристигнати борци. Заедно со одредот, Васко се движел по планините Баба и Нередска Планина. Набрзо станал и командант на батаљонот „Стив Наумов“, формиран во ноември 1943 година во реонот на Лерин од борците на одредите на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и „Даме Груев“. Во зимата 1943 година со батаљонот учествувал во акциите од Егејска Македонија до Козјак.

Во февруари 1944 година батаљонот влегол во состав на Третата македонска ударна бригада, а Васко како командант на батаљонот постигнал голем успех во борбите за време на пролетната офанзива во 1944 година кај Ново Село, Ристовац, Крива Река, Лисец, Плачковица и на планината Огражден. По завршување на пролетната офанзива со тек на времето биле формирани Четвртата, потоа Петата, па Седмата македонска бригада и 49 македонска дивизија на Народноослободителната војска на Југославија (НОВЈ). Васко бил командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија. Ослободувањето на земјата го затекнало на должност командант на 49 македонска дивизија на НОВЈ.

По Ослободувањето Васко Карангелевски, е прогласен за народен херој на Југославија. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на важната Третата армиска област со седиште во Скопје со чин генерал-полковник. Во тој период припадниците и механизацијата на оваа Армиска област учествувале во градењето на бројни инфраструктурни објекти по Македонија, се по наредба на Карангелевски. Односно, тој на секој начин сакаше да помогне во развојот на својата Македонија, а и сакаше и поголема застапеност на Македонците во територијалната одбрана. Можеби тоа некому му пречеше…

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Франција апелира итно да се суспендира одлуката на Централна банка на Косово

Следно

Откажана Мото ГП трката во Аргентина

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop