Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?

February 1, 2024
2 mins read

Секоја година на 14.февруари се празнува Св.Валентин. Тоа е ден кога и изразуваме љубов на саканата личност, но знаете ли кој е Купид, што се случува кога ќе ве погоди неговата стреличка и зошто воопшто го славиме Св.Валентин?

Симбол на Св.Валентин е римскиот бог Купид прикажан со лак и стрела. Се вели дека оној кој ќе биде погоден со неговата стрела, веднаш ќе се заљуби. Овој празник го добил името по светецот Валентин кој живеел во 3.век после Исус Христос.

Традицијата на славење Св.Валентин

Традицијата на славење на Св.Валентин е најверојатно една од најдолгите во историјата на христијанството. Првите честитки за Св.Валентин датираат од Англија и Шкотска, во раниот среден век, кога постоел обичај на прагот на својата сакана да се остави љубовна порака или честитка украсена со чипка или со некој друг материјал. Во некои земји постоел обичај на девојката да и се подари облека, а ако таа ја задржи облеката, тоа би било знак дека се согласува да го поминете остатокот од животот заедно.

Постојат повеќе верзии за настанокот на оваа легенда. Официјалната католичка црква се држи до тоа дека Св.Валентин бил свештеник исцелител (името Валенс на латински значи здрав), заштитник на здравјето.

Венчавките тогаш се одржувале некаде околу месецот февруари, кога Св.Валентин бил погубен, за да се навести дека доаѓа пролетта и да се избегне големата гужва за време на Божиќ и Велигден. Оттука е и неговата поврзаност со бракот.

Многу од т.н Пагански религии како што се римската и грчката го земале токму месец февруари за да се слави магијата поврзана со бракот или љубовта, па се претпоставува дека тој обичај можеби е преземен од древните религии. Колку е ова вистина, никој не можел да докаже.

Свети Валентин – заштитник на празникот на љубовта

Најпознатата приказна е онаа во која Св.Валентин се наведува како свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните одбранички. Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба според која ниту еден римски војник не би смеел да се венча, бидејќи тоа би му го одземало вниманието кое требало да го има кон војувањето. Сите морале да ја почитуваат таа одлука, вклучувајќи ги и свештениците. Свештеникот Валентин не ги почитувал тие наредби и почнал тајно да ги венчава младите парови ризикувајќи на овој начин да заврши во затвор и да биде погубен, што на крајот и се случило на 14.февруари, еден ден пред римскиот празник Луперкалија, на Валентин му била отсечена главата.

Недолго потоа, од страна на народот тој бил прогласен за светец, а подоцна кога христијанството се зацврстило и кога завршило прогонството, свештенството се одлучило тој датум да се слави како ден на Светиот Валентин.

Како и да е, денот на Светиот Валентин денес е познат низ целиот свет како Ден на заљубените. Веројатно не можете да си замислите ситуација да сте во врска, а на тој ден на саканата личност да не и купите барем некој скромен подарок или пак да организирате заедничка вечера, кино, прошетка или нешто по ваш избор.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маргот Роби се огласи откако не беше номинирана за Оскар

Следно

Таравари на средба кај Ковачевски

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат
Go toTop