Фидан: „Не можеме да молчиме додека два милиона луѓе во Газа се оставени да умрат“

January 31, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Конвенцијата од Монтре од 1936 година, со која се регулира минувањето на бродовите низ турскиот теснец, останува гаранција за регионалната безбедност, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.

„Конвенцијата од Монтре продолжува да служи како гаранција за безбедноста на регионот“, рече Фидан за новинарите во главниот град на Романија, Букурешт, по разговорите со неговата колешка Луминита Одобеску.

Тој истакна дека Анкара го спроведува договорот, потпишан меѓу 10 земји, меѓу кои се и Туркије и Романија, на „непристрасен и прецизен“ начин и повтори дека не доаѓаат предвид никакви дискусии во врска со договорот.

– Појасот Газа –

Турскиот министер истакна дека на состанокот со Одобеску разговарале за случувањата на Балканот и на Блискиот Исток.

Ситуацијата во Појасот Газа беше меѓу прашањата за кои се разговараше, рече тој, и го повика Израел да ги спроведе привремените мерки наложени од Меѓународниот суд на правдата претходно овој месец и да прогласи итен прекин на огнот во палестинската енклава.

Израел продолжува со нападите врз Газа, каде што оние што преживеаја се соочуваат со глад и епидемиски болести, изјави Фидан.

„Спречувањето на влезот на хуманитарната помош и медицинските материјали во Газа од страна на Израел никогаш не треба да биде прифатено од меѓународната заедница“, нагласи Фидан.

„Не можеме и не смееме да молчиме додека два милиона луѓе се оставени да умрат во бомбардирање, глад и епидемиски болести“, порача турскиот министер, повикувајќи ја „светската јавност уште еднаш да преземе решителна акција за да го спречи овој масакр“.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во октомври минатата година.

Во израелските напади досега се загинати над 26.000 луѓе, главно жени и деца, раселени се 85 отсто од населението на блокираната енклава, каде постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел вели дека во првичниот напад на Хамас загинале 1.200 луѓе.

Меѓународниот суд на правдата во својата привремена одлука за случајот за геноцид поднесен од Јужноафриканската Република му нареди на Израел да ги спречи актите на геноцид во Газа и да го овозможи обезбедувањето на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош, со цел да се надмине состојбата со неповолните услови за живот со кои се соочуваат Палестинците.

Тел Авив, исто така, треба да поднесе извештај до МСП за сите преземени мерки за спроведувањето на оваа наредба во рок од еден месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кралот на Шпанија Фелипе Шести повика на „траен прекин на огнот во Газа“

Следно

Вјоса Османи: На граѓаните да им се даде одреден рок пред целосното спроведување на одлуката за укинување на динарот

Latest from Blog

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши
Go toTop