Британскиот крал Чарлс Трети е отпуштен од болница

January 29, 2024
1 min read

Британскиот крал Чарлс Трети денеска бил отпуштен од приватна клиника во Лондон, откако беше подложен на медицинска интервенција поради зголемена простата, пренесе БТА.

Монархот, кој има 75 години, бил примен во болница каде што неговата снаа, принцезата од Велс, неодамна направила операција на абдоменот. Кенсингтонската палата претходно денеска соопшти дека таа се вратила дома.

На Чарлс, кој се искачи на тронот пред 16 месеци, оваа бенигна болест му беше дијагностицирана на 17 јануари. Тој ги откажа ангажманите пред медицинската процедура, која беше направена минатиот петок попладне.

Кралот одлучил однапред да ја објави интервенцијата за да ги охрабри другите мажи да ја проверат својата простата во согласност со советите за јавно здравје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони

Следно

На Инфективната клиника починала 20-годишна девојка од грип

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување
Go toTop