Карабатиќ: За да освоите титули, треба да играте финалиња, а Франција играше во нив во претходните 20 години

January 29, 2024
1 min read

Последниот ден, вчера, на Европското првенство (ЕП) годинава за ракометари ќе биде почеток на крајот на една играчка ера. Последен пат францускиот лев бек Никола Карабатиќ беше на големата ракометна сцена пред Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз годинава, а дефинитивно негов последен пат на европските првенства. Откако веќе трипати го освои златниот медал на ЕП со Франција (2006, 2010 и 2014 година), Карабатиќ вчера играше за четвртата титула, во финалниот дуел со Данска.

Знаејќи дека ова ми е последна сезона, мојот пристап кон ракометот малку се промени. Многу е возбудливо да се мисли дека би можел да испишам историја со освојување на моето четврто ЕП, но во меѓувреме размислувам само за забавата што ја имам овие денови. Се борев за рекорди и за титули целата моја кариера, убаво е што можев едноставно да уживам во овие големи натпревари – вели 39-годишниот Карабатиќ, во разговор за Европската ракометна федерација (ЕХФ).

ЕП 2024 веќе е за паметење за Карабатиќ, оти Французинот го собори рекордот на сите времиња по постигнати голови на континенталните првенства пред неколку дена. Со 78 натпревари и 295 гола, тој сега ги држи рекордите и за најмногу одиграни мечеви и за најмногу постигнати голови на ЕП за мажи, додека Кристина Неагу постигна 303 погодока за апсолутен рекорд на ЕП, пишува ЕХФ. Но и покрај сето тоа, играчот на ПСЖ вели дека најважното за него во моментов е да „ѝ помогнам на репрезентацијата најдобро што можам, без разлика дали тоа значи да постигнам 10 гола, да имам 10 асистенции или да седам на клупата еден час“. Вчерашното финале со Данска за него беше последна можност да го освои своето четврто злато на ЕП. Само пет шведски играчи, Ола Линдгрен, Стафан Олсон, Стефан Ловгрен, Магнус Висландер и Мартин Франдесјо, досега освоија злато на четири ЕП, а Карабатиќ имаше можност да стане првиот нескандинавец што успеал да постигне такво достигнување.

Не ме интересира дали се работи за мене или за некој друг, но претпоставувам дека можноста да го освојам ЕП по четврти пат покажува и колку Франција била конзистентна на многу високо ниво. За да освоите титули, треба да играте финалиња, а Франција играше во нив во претходните 20 години. Сега сум најискусниот играч и секогаш им кажувам на моите соиграчи да останат смирени и фокусирани на теренот. Мислам дека тоа е мојата улога сега, некако да го покажам патот искажувајќи смиреност – изјави Карабатиќ пред синоќешното финале на ЕП 2024.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им ја подари државата на ДУИ

Следно

ВИДЕО: Се огласи Ѓорѓе Давид и ги реши сите шпекулации, еве каде се наоѓа во моментов

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop