Ѓорѓе Давид по сообраќајната несреќа доби дозвола да замине од Македонија

January 28, 2024
1 min read

Познатиот српски музичар и актер Ѓорге Давид ја напушти Македонија и најави дека во Белград ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за сообраќајната несреќа во која што и тој беше вклучан, а што се случи во близината на граничниот премин Табановце, кога една жена загина.

Во несреќата загина 49-годишна жена кога по судир на нејзиното и друго возило, таа излегла од својот автомобил, а по автопатот наишло возилото на Ѓорѓе Давид кое удрило во жената.

Според сознанијата, прво се судриле два автомобили, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Како што се истакнува во соопштението до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.

-По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел омега“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала, се вели во соопштението на обвинителството.

Тој  беше задржан од македонските власти до расчистување на случајот, а самиот имаше дадено изјава дека станува збор за несреќен случај, за судир на две возила во услови на магла и неочекувано движење на жената по автопатот. Рече и дека возел со дозволена брзина и дека немал во себе алкохол или недозволени средства.

Пејачот беше и член на некогаш познатата рок-група Генерација 5, а потоа се посвети на своја рокерска кариера, како и на филмски улоги, додека многумина го препознаваат како член на жири на шоу за избор на таленти.

ФОТО: Ѕвезде гранда

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Славески: Со буџетски пари, секој возач може да биде директор на ЈСП

Следно

Французинот Алегре е победник на Супер Џи во Гармиш

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат
Go toTop