Арсовска најави нов мега парк и спортски комплекс на поранешната градска депонија „Вардариште“

January 27, 2024
1 min read

Чест и задоволство ми е да им соопштам на граѓаните дека за прв пат по 60 години отпочнуваме со целосно чистење и санација на старата градска депонија Вардариште, соопшти попладнево градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Таа рече дека актуелното градско раководство го направи она кое што не му успеа на ниту едно претходно, а тоа е да стави крај на една од најголемите опасности по животот и здравјето на граѓаните во.

Според неа, во студијата изготвена за градот Скопје во 2014 година, која беше игнорирана од двајца претходни градоначалници беше констатирано со примероци од подземна вода, отпад од телото на депонијата и присутните гасови, дека депонијата е во метанска стабилна фаза, а согласно гантограмот од динамиката на работите, времето за реализација на еден ваков комплексен проект изнесува 26 месеци.

– Со варијантата со која би се задржале далноводите на својата местоположба, се прави заштитен појас од 12 метри лево и десно, по што следи изградба на спортски игралишта, одвоено од остатокот на локацијата со зелена зона со високо зеленило. На северозападната страна планирани се дополнителни спортски содржини и терени, за централниот и североисточниот дел расад на рози, а за јужната страна изградба на парк на 60 илјади метри квадратни. Со заедничка активност на Градот Скопје и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ Скопје, „Улици и патишта“, „Паркови и зеленило“ и сите расположливи ресурси на градот, ставаме крај на оваа депонија – рече градоначалничката.

Арсовска додаде дека на местото на депонијата ќе биде изграден голем спортски комплекс со спортско-рекреативни содржини и терени како и нов мега парк. Оваа локација од место кое е опасно по здравјето на граѓаните градот Скопје, според неа, ќе се претвори во локација за спорт и рекреација која ќе влијае позитивно на здравјето на граѓаните и ќе го подобри квалитетот на живот.

– Ова е реализација на уште еден успешен проект од програмата За модерно Скопје, со кој покажуваме дека доколку се сака и се знае како, може да се делува и работи поинаку. Нашите сограѓани заслужуваат да живеат во здрава и еколошки чиста животна средина, рече таа.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Локализиран пожарот во Специјалната болница на Златибор, евакуирани пациентите

Следно

Жртвуваа крава за да имаат среќа во репрезентацијата на Египет

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop