Српскиот пејач Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија, утрово се јавил во судот

January 26, 2024
1 min read

По информациите што излегоа во јавноста дека познатиот српски пејач Ѓорѓе Давид ја напуштил Македонија, со демант се јави Основното јавно обвинителство Куманово, од каде велат дека мерките кои се определени кон странскиот државјанин уште се во сила.

– Во согласност со информациите што ги има Обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа сè уште не се пристигнати до Обвинителството, велат од таму.

Како што знае јавноста во собраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце најпрвин се судриле два автомобил и „фолксваген поло“, со кумановска регистрација, и „фолксваген голф“, со скопски регистарски таблички. До судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивна насока.

Од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановска регистрација и во тој момент на неа налетал автомобил „опел инсигнија“, со српски регистарски таблички во сопственост на српскиот пејач Ѓорѓе Давид каде удрил директно во неа при што од ударот жената починала.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се наѕира следниот предизвик: Дали Клоп ќе го преземе славниот шпански гигант?

Следно

Три хороскопски знаци за кои е најпогодно годинава да се посветат на реновирање на својот дом

Latest from Blog

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

ФОТО:X screenshot Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop