Групата од Грчец имала соработници во разни институции, петмина од уапсените одат во притвор

January 26, 2024
1 min read

Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена на пет лица кои беа уапсени во вчерашната полициска акција во  Грчец и на неколку други локации.  Едно лице доби мерки за претпазливост, односно  му е одземен пасошот.

„Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица, кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија, со кои: прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на Ш. Б., Ф. Б., Н. И., Ф. С. и С. А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, за О. П. го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост, односно одземање патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање живеалиште и oбврска за јавување во суд“.

Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода.  Во полициската акција беа извршени претреси на 20 локации во Грчец и други места, а запленети биле голема количина пари, луксузни автомобили и други предмети. Од МВР соопштија дека била разбиена меѓународна организирана криминална група чии членови биле инволвирани во организираше набавка на кокаин од земји од Јужна Америка, а осомничени се и за убиства извршени на територијата на Македонија. Осомничените 16 припадници на групата се на возраст од 20 до 50 години. Од нив во земјава се приведени шестмина, едно лице од претходно веќе е приведено во Шпанија, а дел од осомничени веќе подолг период се надвор од земјата. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. Од Грчец. Министерот Оливер Спасовски за Трилинг вели дека има многу податоци и утврдени се лица од институциите на државата кои биле соработници на криминалните активности. 

Акција во Грчец имаше во март 2021 година, кога тогашната шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  Вилма Рускоска се пожали дека акцијата била пробиена. Таму каде што имавме сознанија каде се чува дрогата беше сѐ исчистено, така што полицијата и инспекторите не успеаја да пронајдат поголема количина дрога, рече тогаш Русковска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ле Пен и се закани на АфД со прекин на соработката поради идеите за масовна депортација

Следно

Четворица европратеници предлагаат „туристички Мини-шенген“ меѓу Бугарија, Грција и Романија

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop