Ердоган го потпиша претседателскиот декрет за пристапување на Шведска во НАТО

January 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Законот што го одобри турскиот Парламент во врска со протоколот за пристапување на Шведска во Северноатлантскиот сојуз (НАТО) е објавен вчера во Службениот весник на Туркије, со што е финализирана ратификацијата, соопшти Дирекцијата за комуникации, јавува Анадолу.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган го потпиша претседателскиот декрет за пристапување на нордиската земја во воениот сојуз и го одобри релевантниот протокол. Законот сега стапи на сила.

По расправата за Предлог-законот за одобрување на протоколот за пристапување на Шведска во НАТО во турскиот Парламент, во вторникот Предлог-законот беше одобрен од 287 од вкупно 346 пратеници што учествуваа во гласањето, додека 55 пратеници гласаа „против“, а четворица беа „воздржани“.

За прием на нова членка потребна е едногласна поддршка од сите членки на НАТО, а сега Унгарија е единствениот сојузник што не го ратификуваше пристапувањето на Шведска.

Финска и Шведска, две нордиски земји што се близу или граничат со Русија, поднесоа барање за членство во НАТО набргу откако Русија ја започна војната против Украина во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белата куќа ги повика сенаторите да се спогодат околу помошта за Украина, Трамп е против

Следно

Завршени и незавршени работи пред формирањето на техничката влада

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop