Чоколадна торта без брашно со само 3 состојки

January 25, 2024
1 min read

Чоколадната торта без брашно е рецепт кој сите го бараат овие денови. Многу лесно се прави, нема шанси да го згрешите, а вкусот е незаборавен.

Оваа чоколадна торта се прави многу лесно.

Состојки:

175 гр темно чоколадо
7 јајца
140 гр путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 130 степени.
Тавата за торта обложете ја со хартија за печење. Најдобро би било да користите класичен тркалезен калап или потенко тавче кое потоа може да се загрее во рерна.

Чоколадото искршете го на коцки и стопете го на пареа, па кога ќе се растопи измешајте го путерот. Мешајте додека целосно не се растопи. Изматете ги жолчките и додајте ги во изладената смеса додека нежно мешате.
Во друг сад изматете тврда смеса од белки, па додадете ја лажица по лажица во подготвената смеса.
Нежно мешајте додека смесата не стане компактна.

Истурете во подготвената тава и покријте со фолија. Ставете ја тавата со смеса во поголем сад за печење, наполнете го со топла вода до половина од калапот. Печете околу 25 минути, додека површината не е со крцкава кора, а центарот да остане мек.

Оставете го да се излади и декорирајте по желба.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕКОЈ ЗБОР ЌЕ ГО СЛУШАТЕ И ЌЕ СЕ ЕЖИТЕ: Објавена последната песна на Тоше Проески снимена во 2004-та година „Кажу да време лечи све“ (ВИДЕО)

Следно

Разбиена криминална група која убивала и продавала дрога низ Македонија, уапсени се седум лица

Latest from Blog

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за

Колумбија стравува од нов случај Ескобар: Смртни закани за Кампаз кој промаши златна шанса за четвртфинале

Колумбиската фудбалска федерација ги осуди смртните закани упатени кон играчот од средниот ред, Хаминтон Кампаз и неговото семејство, по елиминацијата на Колумбија од Светското првенство во 2026 година. Колумбија беше елиминирана во

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос. Авионот наишол на тешкотии за време на летот

Само тие што плаќаат чланарина во приватен клуб да може да пушат цигари – поднесен амандман за Законот за пушење

Поднесен е амандман на Законот за заштита од пушењето кој се наоѓа во собраниска процедура, со кој се бара пушењето цигари да биде дозволено само во „приватни клубови“. Министерот за здравство во

Коњановски: Директниот контакт со граѓаните е клучен за подобри социјални услуги

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека присуствувал на настанот „Мобилни социјални пунктови“, организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со здруженија на граѓани од градот. Според
Go toTop