Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја потресе турската област Малатја

January 25, 2024
1 min read

МАЛАТЈА (АА) – Земјотрес со интензитет од 5,2 степени го потресе местото Баталгази во турската област Малатја во 16:04 часот по локално време, пренесува Анадолу.

Според информациите објавени на веб-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), земјотресот се случил во местото Баталгази, на длабочина од 13,93 километри.

Во изјавата за дописникот на АА, гувернерот на Малатја, Ерсин Јазиџи, даде информации во врска со земјотресот.

Соопштувајќи дека досега до Командниот центар 112 не се добиени известување за уривања, гувернерот Јазиџи рече: „Засега не добивме негативно известување. Нашите тимови продолжуваат со контроли на теренот.“

– Настана панична атмосфера

Земјотресот се почувствува и во областите Газиантеп, Кахраманмараш, Шанлиурфа и Адијаман.

Во градот завладеа краткотрајна паника, луѓето ги напуштија своите работни места и домови, излегоа на улица и чекаа на безбедни места.

На некои згради се забележани пукнатини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катар вели дека негов приоритет е да се стави крај на војната во Газа и да се спречи нејзино проширување

Следно

Претседателот Џафери поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop