Се чека само амин од Финансии за да 1.117 вработени со договор на дело во здравството добијат трајни вработувања

January 25, 2024
1 min read

Завршено е аплицирањето за 1117 трајни вработувања во здравствените установи чија првична цел беше трајни вработувања да добијат лицата кои со години работат со договори на дело, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој додаде дека даваат максимални напори за вработувањат да станат реалност пред да се распишат изборите.

-Се изборивме пред Нова година за луѓето вработени на договор на дело. Беше веќе крајно време да добијат вработување. Вчера ми најавија дека целокупниот број од 1.117 апликации се завршени во јавните здравствени установи, поднесени се во Министерството за здравство. Сега ние треба да добиеме согласност од Финансии. Ние денес со невидена брзина ќе ги добиеме тие согласности од Министерството за финансии, од Министерството за информатичко општество и од Фондот за здравствено осигурување. Навистина макотрпно работиме и даваме крајни напори за тоа да биде реалност пред да се распишат изборите. Јас до крај ќе се изборам за ова да биде реалност, рече денес министерот Меџити по отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија.

Тој признава дека пропусти се можни оти законот дозволува на огласите да се јават сите, не само лицата кои веќе работат со договор на дело.

-На прашањето дали ќе има пропусти кажав да, затоа што закон дозволува сите да конкурираат. Ова не е доволен овој број вработувања, ние знаеме дека со договор на дело се над 2.000 лица, но да ублажиме сега, да амортизираме. Не значи дека ќе сопреме тука, уште подинамично ќе продолжиме во наредниот период. Правиме максимални напори во рамки на законот да ги скратиме овие процедури, но тоа ќе видиме допрва како ќе оди. Тоа не зависи од мене. Тоа што зависеше од мене вие сте сведоци како се изборивме да го добиеме. Се надевам дека ќе ги завршиме пред да распишеме избори, рече министерот Меџити.

Владата со одлука минатиот месец одобри вработување на 1117 лица медицински и технички кадар во здравствените установи во земјава.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер: Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес, но уверена сум дека е тука

Следно

Рајан Гослинг си го губи времето со филмови како Барби

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop