ЦУК: 1.840 повици на 112 во последното деноноќие, најголем дел упатени кон полицијата

January 25, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.840 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Најголем дел од повиците биле упатени кон полицијата и итната медицинска помош, а имало повици и за противпожарните служби.

Од вкупниот број повици, според ЦУК, „реални“ биле 38,70 проценти, а 61,30 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 52,42 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 39,92 отсто, кон пожарникарите 4,43 проценти, а кон АМСМ 0,36 проценти од „реалните“ повици кон 112 во ЦУК.

-Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици  3,23 отсто со другите 61,30 отсто што се именувани како „неитни повици“, биле на број 1.136 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК), велат од ЦУК.

За дел од повиците, додаваат, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стјуарт Пич: Република Српска не може да биде независна

Следно

Луфтханза го намалува бројот на летовите од Скопје и од другите градови во регионот

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop