Ердоган: „Победата ќе им припадне на нашите браќа Палестинци“

January 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера во Анкара изјави дека ќе продолжи борбата сѐ додека не се воспостави независна и суверена палестинска држава и дека во овој процес (на израелските напади врз Газа) победата ќе им припадне на Палестинците, јавува Анадолу.

Ердоган присуствуваше на „Турско-иранскиот бизнис-форум“ што се одржа во Претседателскиот комплекс во рамките на посетата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Туркије.

Во текот на своето обраќање пред присутните Ердоган говореше и за израелските напади врз Појасот Газа.

„Во израелските напади врз нашите недолжни палестински браќа и сестри, убиени се 26.000 луѓе, главно деца и жени, а 65.000 се ранети. Жителите на Газа станаа жртви на злосторства кои ќе останат запаметени како срам во човечката историја. Во текот на овие напади сите ги видовме вистинските лица на оние кои со децении го подучуваат светот за човечките права и демократија“, истакна турскиот претседател.

Ердоган подвлече дека ќе се „продолжи со борбата сѐ додека не се воспостави независна и суверена палестинска држава, базирана врз границите од 1967 година, со Источен Ерусалим како главен град“ и додаде:

„Никогаш нема да ги оставиме нашите палестински браќа. Очекуваме сегашната израелска администрација, која се храни со крв и солзи, да воочи дека овој пат по кој одат не е вистинскиот пат и што поскоро да стави крај на нивните масакри. Како што претходно реков, оние кои се обидуваат да станат добри преку суровост ќе имаат ужасен крај. Во овој процес, победата ќе им припадне на нашите палестински браќа. Господ нека ги опкружи нашите палестински браќа со Неговата милост и поддршка.“

Ердоган во своето обраќање ги потсети присутните дека се собрале на 8. состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Иран.

Со желба форумот да биде од корист, за што верува дека дополнително ќе ја зајакне економската и трговската соработка меѓу Туркије и Иран, Ердоган рече дека се надева дека оваа активност ќе поттикне нови проекти, соработка и инвестиции во економските и трговските односи.

„Денес потпишавме 10 договори во различни полиња, а тие договори го зајакнаа правниот темел на нашите односи“, рече Ердоган и истакна:

„Затоа, Туркије и Иран, две големи регионални сили, дефинитивно мора да ја подобрат меѓусебната економска соработка заради просперитет, развој и стабилност. Во тој контекст, продолжуваме со нашата решеност да ја постигнеме трговската цел од 30 милијарди долари што претходно ја поставивме со Иран.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот Сенат усвои предлог-закон за конфискација на руски имот

Следно

Стјуарт Пич: Република Српска не може да биде независна

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop