Со Декларација за сувереност пред 33 години тргна македонски пат кон државна независност

January 25, 2024
1 min read

„Со оваа декларација се изразува сувереноста на Социјалистичка Република Македонија согласно уставните определби за независност и територијалниот интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување…“

Вака гласел првиот член од документот кој на денешен ден пред 33 години, на 25 јануари 1991 година го донеле пратениците во првиот повеќепартиски македонски парламент. Со тоа практично, тргнал процесот на осамостојување на Македонија како посебна држава, надвор од тогашната југословенска федерација.

Ваквиот историски чин се случува во периодот кога се распаѓаше тогашната СФР Југославија и имаше многу премрежја. Македонија тогаш тргна во процес на создавање на самостојна и независна држава.

Оваа Декларацијата за сувереност и малку подоцнежната Одлука за одржување референдум – практично беа постулатите со кои Македонија почнува се да се движи во правец на осамостојување. Идејата за донесување на Декларацијата за сувереност и независност на Македонија, како предлог била изнесена на 9 јануари од страна на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, два дена по конституирањето на првото повеќепартиско Собрание.

Предлогот за донесување на Декларација е ставен на маса во ситуација кога се уште не била формирана Влада (по одржаните избори), ниту пак бил избран претседателот на Републиката. Се уште актуелна била Владата и Претседателството на Републиката кои ја претставувале СР Македонија, а единствен функционер во новата власт бил претседател на македонското Собрание.

На собраниската седница бил донесен заклучокот да се задолжи Комисијата за уставни прашања, чиј состав само што бил утврден, да подготви два документа – Декларација за сувереност и Платформа за разговорите за иднината на Југославија и за што биле формирани две работни групи.

По ова, на седницата одржана на 25 јануари 1991 година, Собранието ги разгледа предлозите на двата документа, а по воведното излагање на Претседателот на Собранието по обемна и на моменти бурна расправа, Собранието со акламација ја усвои Декларацијата. Таа со тоа станала прв документ во кој, меѓудругото, за прв пат беше истакната сувереноста на Македонија и можноста за конституирање на независна и самостојна македонска држава. Со Декларацијата е предвидено и дека политичкиот, стопанскиот и правниот систем ќе се темелат на Уставот на СРМ и републичките закони, а сојузните закони и Уставот на СФРЈ ќе се применуваат само доколку не се во спротивност со нив. Истовремено е предвидено Собранието да донесе нов Устав со кој треба да се определи општественото уредување и идните симболи на државноста на Македонија. Исто така, во Декларацијата се истакнува дека Македонија самостојно ќе одлучува за идните односи со државите и другите народи на Југославија.

Се потоа е историја. Била донесена одлука да се одржи народен референдум на 8 септември…

Извор: skopskoeho.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сообраќајот на патиштата во зимски услови, но по суви коловози

Следно

Ливерпул избори финалето во Лига купот

Latest from Blog

Германија повика на итни мерки за спречување на гладот ​​во Газа

БЕРЛИН (АА) – Германија денес повика на итни чекори за спречување на акутниот глад во Газа до кој дојде поради израелската блокада на испораката на хуманитарна помош за Палестинците, известува Анадолија. Зборувајќи

Уапсен 33-годишен во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за

Силен земјотрес кај Подгорица

Силен земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Подгорица во Црна Гора, јавува „ЕМСЦ“, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од околу пет
Go toTop