ИК на ВМРО-ДПМНЕ предложи кандидати за техничката влада, Панче Тошковски во МВР, Ѓоко Велковски во МТСП

January 25, 2024
2 mins read

ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри во техничката влада. 

-Во насока на обезбедување кредибилен процес, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во техничката влада. Во рамки на ставот кој што досега го имавме ќе предложиме технички минстри, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на партијата по седницата на ИК.

Потврди дека во преодната влада, Панче Тошковски ќе биде технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика, додека за дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. 

Тошковски е адвокат, магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, со работно искуство и во државните иснституции. Во перидот од 2008 до 2011 година, работел како советник во Министерството за транспорт и врски и АД за стопанисување со станбен и деловен простор во сопственост на државата. Членувал во повеќе комисии и работни тела.

Кандидатот за министер за труд и соцјиална политика Велковски е раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на општина Гази Баба и советник во Советот на Чаир, долги години работел во МТСП на различни работни позиции, а бил и генерален секретар на Град Скопје од 2021 до 2023 година.

Петрова е професоналец во областа на финансиите, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во УЈП. Седум години била управник во Дирекцијата за јавни приходи за големи даночни обврзници, а претходно и раководител на даночното одделение во Свети Николе каде била и на други раководни позиции.

Андоновски кој ќе биде дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација, е меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Магистрирал меѓународни односи на „Џонс Хопкинс“ Унверзитетот во САД и е докторанд на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Пред политичкиот ангажман пет години работел во бизнис секторот во државава и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комукациите и медиумите.

Кандидатот за дополнителен заменик министер за земјоделство, Трипуновски во моментов е претседател на  Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ. Во претходната техничка влада, исто така, беше на позицијата дополнителен заменик министер за земјоделство. Работел во МЗШВ, од 2015 до 2017 година ја извршувал функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а од 2006 до 2008 година раководел со Државната фитосанитарна лабораторија.

-Ова се петте кадровски решенија со кои ВМРО-ДПМННЕ ќе го даде својот максимум за одржување на фер и демократски избори, што практично е и причината за формирање на техничката влада. Причината поради која ВМРО-ДПММНЕ одлучи да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација заглавена во криминал и корупција. СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, за многу бргу од денес ќе бидат политичко минато. Важно е да ги поразиме, за да имаме иднина за Македонија, каква што посакуваме, рече Муцунски.   

На новинарско прашање како ќе гласаат,  го повтори партискиот став дека нема да гласаат за техничка влада предложена од лице од ДУИ.

-Ние ќе ги дадеме нашите предлози, но поддршка од нашите пратеници за таа влада нема да ја има, наведе Муцунски.

Седницата за избор на техничката влада ќе се одржи на 28 јануари, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е мандатар на техничката влада, оставки ќе поднесат денеска, со што почнуваат и крајните рокови за составување на преодната влада, која се носи сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МСП в петок одлучува за привремена мерка против Израел по тужбата на Јужна Африка за геноцид во Газа

Следно

Јокиќ: Престанете со драмата, јас и Ембид сме добри пријатели

Latest from Blog

Градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, жителите се жалат: Немаме пристап до селото

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до

Тамара Котевска го започна снимањето на „Човек против јато“ во штипскиот крај

По успехот на документарецот „Медена земја“, номиниран за два Оскари во 2020 година, режисерката Тамара Котевска се впушти во својот прв долгометражен игрален проект „Човек против јато“, чија главна снимачка локација се

Повторно карамбол на Партизанска: тројца млади повредени, штета од 200 илјади денари

Тројца млади скопјани се здобија со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи во петокот, 4 јули, околу 23:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“. Според информациите

Во турски Киркпинар се одржува 664-от Историски фестивал на пеливанство

СКОПЈЕ (АА) – Во турски Киркпинар, во северозападната област Едрене се одржува 664-то издание на Историскиот фестивал на пеливанството, јавува Анадолу. Традиционалниот натпревар започна вчера во Сарајичи, каде што 36 пеливани (борачи)

Израелски медиуми: Израел доби одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот, се дискутираат деталите

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израел го добил одговорот на Хамас на новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, а во тек се разговори за деталите, објавија израелските медиуми доцна
Go toTop