Се чекаат извештаите за случајот со повреденото дете од Струмица

January 24, 2024
1 min read

Се чекаат извештаите од надлежните институции во врска со случајот со четиригодишното дете од Струмица, кое минатата недела беше донесено на Детската клиника во Скопје неухрането и со рани по телото за да може Министерството за труд и социјална политика да преземе дополнителни чекори. Министерката Тренчевска верува дека ќе се подобри состојбата и дека детето ќе излезе од болница, но и дека никогаш повеќе нема да се повторат такви дејствија врз едно мало дете.

Од МВР тврдат дека досега нема ниту една пријава против таткото за семејно насилство. ТВ 24 пак вчера објави дека таткото на четиригодишното дете, во 2016-та бил пријавен за обид за убиство на сограѓанин, како и дека бил дел од тешки кражби и одземање на моторни возила. Меѓутоа, за какво дело таткото моментално издржува затворска казна, и уште колку време треба да ја издржува, како и дали му биле одобрувани викенд отсуства изминатиот период, се прашања на кои не добивме одговори, бидејќи институциите не откриваат детали, но неофицијално станува збор за дисфункционално семејство и доста конфузен случај.

Сепак, истрагата треба да покаже како живеело четиригодишното девојче, кое е доведено во состојба на неухранетост и дали повредите се последица од напад на куче, како што првично кажала мајката, или сепак се работи за нешто друго.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелците протестираат низ земјата: Бараат договор за размена на заробениците со Хамас

Следно

Малолетници згрижени во јавни установи од Скопје пријавени за исчезнати

Latest from Blog

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

ФОТО:X screenshot Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop