Израелците протестираат низ земјата: Бараат договор за размена на заробениците со Хамас

January 24, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ/АЛ-КУДС (АА) – Израелците денес организираа собири низ Израел барајќи итен договор за ослободување на заробениците што ги држи палестинската група Хамас во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Како што пишува „Тајмс од Израел“, демонстрантите од женските групи блокираа неколку раскрсници и улици низ Израел за да извршат притисок за договор за размена на затвореници со Хамас.

Во меѓувреме, други протестираа против влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа. Демонстрантите тврдат дека не смее да се дозволи хуманитарна помош додека не се ослободат Израелците кои ги држи Хамас.

Се верува дека Хамас држи 136 заробеници по нападот врз Израел на 7 октомври.

Оттогаш Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа, при што загинаа најмалку 25.700 Палестинци, а беа повредени околу 63.740.

Oфицијалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Напорите за посредување на Египет, Катар и САД досега не успеаја да обезбедат ослободување на уште една група заробеници бидејќи Хамас бара прекин на смртоносната офанзива на Израел врз Газа.

Со договорот во ноември е ослободен 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци, меѓу кои 71 жена и 169 деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски ја фрли последната лопата како премиер

Следно

Се чекаат извештаите за случајот со повреденото дете од Струмица

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop