Кај кумановец пронајден хероин

January 24, 2024
1 min read

Кај 48-годишен кумановец бил пронајден хероин. Против него била поднесена кривична пријава.

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против И.М.(48) од Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

По преземени мерки и активности, на 22.01.2024 во Куманово бил извршен преглед во возило во кое се наоѓал И.М., при што кај него бил пронајден и одземен хероин, информираат од МВР.

Лицето било лишено од слобода и по извршено вештачење против него е поднесена пријавата.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Постапката за претседателски кандидат е во тек, сега е важно да се подготви добра изборна платформа за проевропскиот блок

Следно

Дали стварно канселираа и зачин?

Latest from Blog

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop