Мицотакис: Истополовите родители ќе можат мирно да спијат без страв за нивните деца

January 24, 2024
1 min read

Истополовите родители конечно ќе можат мирно да спијат, ослободени од стравот дека ако им се случи нешто, нивното дете наместо со другиот родител, ќе заврши во институција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на владината седница, говорејќи за предлог-законот за истополовите цивилни бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната седница, државниот министер ќе ја презентира регулативата, за која Мицотакис истакна дека „е важен чекор, што се стреми кон еднаквост на сите граѓани“, но и на „заштита на децата на истополовите родители и овие деца треба да ги имаат истите права како и сите други деца“.

-Сакам да потсетам дека зборуваме за нешто што веќе важи во 36 земји, на пет континенти, без никаде да изгледа дека ѝ наштетило на социјалната кохезија и владината хармонија. Сакам да го изразам и моето задоволство што целиот овој период трезвено и без радикалност се дискутираше за оваа реформа во грчкото општество, истакна Мицотакис.

Посочи дека во овој дијалог се слушнаа сите ставови, а за позицијата на Грчката православна црква која вчера едногласно се изјасни против предлог-законот, Мицотакис рече дека ги почитува позициите, но објасни дека овде станува збор за она што го одбира државата, а не за „теолошки верувања“.

За самиот закон, грчкиот премиер повтори дека не ја менува сегашната рамка на сурогат мајчинството, во суштина не ја проширува на истополовите парови и ги исклучува карактеристиките „Родител 1“ и „Родител 2“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бислимоски: Во јануарските сметки за струја нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

Следно

Денес во Астана започна новиот круг разговори за Сирија

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop