Членовите на Синодот разговарале повеќе од пет часа, а како што пренесуваат грчките медиуми повикувајќи се на извори, Синодот одлучил да не дава благослов за истополовите бракови и можноста таквите парови да одгледуваат деца. Се вели дека соопштението ќе биде прочитано пред верниците во црквите следниот викенд, а соопштение ќе биде испратено и до грчката влада.

„Секое уништување на моралот ја уништува вредноста на човекот“, изјави денеска митрополитот Месогаски Никола при своето излагање пред Светиот синод во врска со предлогот за закон за истополови бракови и нивните деца.

Треба да се напомене дека тричлената комисија формирана за подготовка на текстот со кој се објавуваат основните начела на Црквата во врска со истополовите бракови ја сочинуваат митрополитите на Нафпактос, Фтиотида и Комотини.