13 НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР ЗА „ОПЕНХАЈМЕР“, 11 ЗА „КУТРИТЕ“, МАРГО РОБИ ИЗВИСИ ЗА „БАРБИ“

January 23, 2024
1 min read

Опенхајмер“ ќе се бори за најмногу награди на годинашното доделување Оскари на 10 март, откако доби 13 номинации, следен од „Кутрите“ со 11 и „Убијците на цветната месечина“ со десет.

Покрај нив, за најдобар филм се номинирани и „Американска фикција“, „Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Маестро“, „Минати животи“ и „Зоната на интерес“.

За најдобар актер се номинирани Бредли Купер за „Маестро“, Пол Џамати за „Останатите“, Колман Доминго за „Растин“, Килијан Марфи за „Опенхајмер“ и Џефри Рајт за „Американска фикција“, а во женска конкуренција е забележливо отсуството на ѕвездата на „Барби“, Марго Роби. Место неа, за Оскарот ќе се борат Анет Бенинг за „Нијад“, Лили Гледстоун за „Убијците на цветната месечина“, Сандра Хилер за „Анатомија на падот“, Кери Малиган за „Маестро“ и Ема Стоун за „Кутрите“.

За најдобра машка споредна улога конкурираат Стерлинг Кеј Браун („Американска фикција“), Роберт Де Ниро („Убијците на цветната месечина“), Роберт Дауни Џуниор („Опенхајмер“), Рајан Гослинг („Барби“) и Марк Рафало („Кутрите“), а кај актерките Емили Блант („Опенхајмер“), Даниел Брукс („Обоените луѓе“), Америка Ферара („Барби“), Давајн Џој Рендолф („Останатите“) и Џоди Фостер („Нијад“) , што е нејзина прва номинација по 29 години.

Мартин Скорсезе ја доби рекордната десетта номинација за Оскар за најдобра режија за „Убијците на цветната месечина“, заедно со Жастин Трие („Анатомија на падот“), Кристофер Нолан („Опенхајмер“), Јоргос Лантимос („Кутрите“) и Џонатан Глејзер („Зоната на интерес“). Меѓу нив немаше место за режисерката на „Барби“, Грета Гервиг.

Номинација за најдобар странски филм добија „Зоната на интерес“ (Велика Британија), „Совршен ден“ (Јапонија), „Друштво на снегот“ (Шпанија), „Наставничка канцеларија” (Германија), „Јас, капетан” (Италија).

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германската армија ќе прима војници од странство

Следно

НЕ МОЖЕ ДА СПИЕ, СЛУША ВРИСОЦИ И ИМА КОШМАРИ: Ѓорге Давид по несреќата минува низ пекол, му треба психијатар

Latest from Blog

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

ФОТО:X screenshot Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop