На Северина ѝ е одземено старателството: Синот ќе го гледа кога судот ќе дозволи, пејачката се огласи во очај

January 23, 2024
1 min read

Врховниот суд во Хрватска целосно му го додели старателството на Александар Поповиќ на неговиот татко Милан Поповиќ, што значи дека и е одземено старателството на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

Врховниот суд ја поништи пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и ја поништи одлуката Северина да има заедничко старателство над синот Александар со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, пишува Национал.

Милан и Северина повеќе нема да имаат заедничко старателство, што го одреди Жупанискиот суд во Сплит во 2021 година, но Александар, кој наскоро ќе наполни 12 години, повторно ќе се врати кај својот татко.

Таа одлука стапува на сила веднаш, без оглед на евентуалната жалба на пејачката, пренесуваат медиумите.

Северина веднаш се огласи.

-Сега врховните судии ја дадоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а јас заедно со него. Не сакам сега да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам повеќе да барам никакви неправилности, особено оние кои беа изнесени против правната практика на Уставниот суд, како што вели мојот адвокат. Ќе се борам до последна капка крв за моето дете без кое бев 20 месеци, нема да си играш со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа компири со која ќе тргувате, изјави таа за „Вечерњи лист“.

-Поедноставено, тоа би можело да значи дека повторно ќе го гледам моето дете кое го родив, го одгледав и воспитав, кое живее со мене од раѓање, во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд, сабота и недела. Нема повеќе да ме задевате против желбата на детето. Тоа живее и оди на училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Се срамам од оваа држава што му прават такви работи на дете, што не смеам да зборувам за да не навредам некого. Ја поминав целата голгота на хрватското судство, а ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд, но ја поминав со моето дете. Јас не сум важна овде, изјави пејачката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајкл Фелпс стана татко по четврти пат

Следно

Еврејски мудрости кои ќе ви ги отворат очите

Latest from Blog

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се
Go toTop