БЕНИ ШАЌИРИ И ДОСЕГАШНИОТ ДИРЕКТОР НА МКЦ СЕДАТ ЗАЕДНО ВО ДИРЕКТОРСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА ОТИ АЛЕКСОВ НЕ Е РАЗРЕШЕН

January 23, 2024
1 min read

Новиот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) Бени Шаќири и досегашниот директор на институцијата Никола Алексов веќе втор ден седат заедно во директорската канцеларија.

Како што велат извори од МКЦ за САКАМДАКАЖАМ.МК, Алексов не си оди од директорската функција оти градоначалничката Данела Арсовска уште не го разрешила. Арсовска го назначи Алексов за в. д. директор на 18 јануари 2023, па после пет месеци, т. е во мај, му даде втор мандат, а после шест месеци, односно во ноември, по трет пат му го продолжи мандатот со што тој сега уште е на функција.

Шаќири има заверено решение дека од 10 јануари е директор на институцијата.

Проблемот настанува затоа што Арсовска требало прво да го разреши Алексов, па после да го назначи Шаќири.

Друг проблем, како што велат нашите извори, е што рокот за назначување на нов директор бил до 28 декември 2023, а Арсовска тоа го сторила дури на 10 јануари годинава.

Исто така, ниту другите двајца кандидати кои се пријавија на конкурсот, ниту вработените во МКЦ не се известени за назначувањето. Рокот од осум денови за жалба е пробиен, а, со тоа, поминато е и времето за жалба на другите кандидати. Правото на жалба не е испочитувано, велат нашите извори од МКЦ.

Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Алексов е дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Тогаш од Програмскиот совет на МКЦ рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

Според процедурата на конкурсот, Управниот одбор на МКЦ ги достави апликациите од кандидатите до градоначалникот на Град Скопје, со тоа што предлага кандидати кои според критериумите се соодветни за позицијата за која аплицираат. Условите, покрај високото образование во областа на хуманистичките науки, се и 5-годишно работно искуство во областа на културата.

Првиот конкурс за избор на директорската позиција распишан кон крајот на септември лани немаше никаква разврска, ниту беше поништен од Градот Скопје, а потоа во ноември се распиша повторен конкурс за истата функција.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спортс илустрејтед, речиси па готово

Следно

Мајкл Фелпс стана татко по четврти пат

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop