Бесими – Суперти: Планот за раст силен инструмент за интеграција во ЕУ, искористување на можностите и работа на домашен терен

January 23, 2024
1 min read

Планот за раст на Западен Балкан е силен инструмент и силна порака за регионот дека земјите од Западен Балкан треба да го забрзаат движењето по евроинтеграцискиот пат. ЕУ ја подава раката, а земјите треба да ја искористат можноста, да преземат одговорност на сопствен терен, да спроведат реформи и да го премостат јазот побрзо стигнувајќи до ЕУ стандардот за своите земји и своите граѓаните. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, беше истакнато на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со новата директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговови за проширување на Европската Комисија, Валентина Суперти.

– Владата и Министерството за финансии посветено работат на реформи и политики кои ќе ја доближат РС Македонија до ЕУ семејството. Во текот на овој месец е усвоена Програмата на економски реформи 2024-2026 година која ги содржи сите реформски мерки кои имаат европски предзнак на кои ќе се фокусираме во наредниот период со цел таа реформска агенда да биде испорачана согласно утврдената динамика, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека овој документ ќе биде надоврзување на агендата за Планот за раст на Западен Балкан и оти институциите се веќе подготвени за тој процес.

– Петте приоритетни области за Северна Македонија кои се избрани во договор со Директоратот за проширување се однесуваат на управување со јавните финансии, дигитална и енергетска/зелена транзиција, човечкиот капитал, деловно опкружување и владеење на правото. Работиме, заедно со колеги од Брисел и Делегацијата на ЕУ, на финализирање на клучните елементи од реформската агенда. Следните чекори се во развивање конкретни активности за имплементација на реформите и придружните инвестиции, рече министерот Бесими.

На средбата, како што е наведено во соопштението, беше посочено дека Реформската агенда 2024-2027 година ќе и овозможат на земјата да напредува во владеењето на правото, да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација и судството, да ги подобри јавните услуги, да ја зголеми продуктивноста и да создаде можности за работа, како и напредок во дигитализацијата и зелената транзиција.  

Од Министерството за финансии велат дека спроведувањето на мерките ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на земјата да одговори на шокови, да ја одржи макроекономската стабилност и да постигне одржлив и инклузивен раст.

-Активности за спроведување на овој процес се одвиваат со забрзана динамика. Во таа насока беше и денешниот состанок на лидерско ниво во Скопје заедно со претставници од ЕУ и САД, се наведува во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нови руски ракетни напади врз Киев и Харков

Следно

Фон дер Лајен и Руте се состанаа со членовите на Претседателството на БиХ

Latest from Blog

Ретроградниот Меркур во ноември носи компликации: Пет знаци на удар!

Со оглед на тоа колку е моќна планетата Меркур, сите хороскопски знаци би можеле да го почувствуваат неговото негативно влијание врз комуникацијата, технологијата и односите со минатото. Ретроградниот Меркур секогаш носи одредена

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94

Македонска државјанка е уапсена во Црна Гора- собирала пари за данок, па 10.000 евра ставила во џеб

Службеници на Регионалниот безбедносен центар „Север“, спроведувајќи зголемени активности во областа на борбата против економскиот криминал, во соработка и по наредба на обвинителот при Основното државно обвинителство во Плав, ја лишиле од

Трамп ѝ се закани на Нигерија: „Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му наредил на Пентагон да започне со планирање на потенцијална воена акција во Нигерија, потврдувајќи ги неговите претходни тврдења дека нигериската влада не успева да го

Љубовен хороскоп за ноември 2025

Некои сингл Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат потенцијалниот партнер со својот надмен став дека треба да се „главни“. Што да очекуваат Лавовите во врска
Go toTop