Во Грција се зголемува додатокот за секое родено дете

January 22, 2024
1 min read

Додатокот за првородено дете во Грција од 2.000 се зголемува на 2.400 евра, додека пак за две или повеќе деца се движи од 2.700 до 3.500 евра, мерки кои денеска ги соопштија министрите за национална економија и семејство Костис Хаѕидакис и Софиа Захараки како дел од владината иницијатива за поддршка на семејствата, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемениот еднократен додаток ќе важи за сите деца родени по 1 јануари 2023 година, висината е во зависност од бројот на децата и ќе го добива мајката со годишен семеен приход до 40.000 евра.

Според надлежните министерства, постоечката мерка чини 150 милиони евра и се однесува на приближно 75.000 новородени годишно, а со зголемувањето на додатокот се зголемуваат и трошоците за 45 милиони евра годишно и 90 милиони евра за 2024 година, со оглед на тоа дека ќе се исплати додаток и за минатата година.

Мерката се однесува на околу 35.000 семејства со едно дете, 32.000 семејства со две деца, 6.600 со три деца и 1.400 семејства со над три деца.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на социјалните мрежи напиша дека поддршката на семејствата за нив е главен приоритет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се чека повеќе од законските 15 дена за новите пасоши

Следно

Израел: Семејствата на заложниците во Газа упаднаа во Кнесетот барајќи нивно ослободување

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop