Илјадници Израелци во Тел Авив бараа заминување на Нетанјаху – тој војува само за да остане на власт

January 21, 2024
1 min read

Илјадници Израелци демонстрираа синоќа во Тел Авив барајќи ослободување на заложниците, кои Хамас ги држи од 7 октомври во Појасот Газа, и барајќи заминување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кого го обвинуваат за продолжување на војната само за тој да остане на власт.

Демонстрантите носеа натписи со кои посочија дека Нетанјаху е „Лицето на злото“ и затоа бараат „Избори сега“.

Од околу 250 киднапирани лица, околу сто беа ослободени за време на прекинот на огнот на крајот на ноември, а 132 се уште се во Газа. Меѓу нив, 27 загинаа, пренесуваат француските медиуми врз основа на израелски податоци.

-Како што работите се развиваат, сите заложници ќе умрат. Се уште не е доцна да ги ослободиме, изјави синоќа Ави Лулу Шамриз, татко на еден од заложниците убиени во Газа.

За време на синоќешниот брифинг портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, кажа дека неговите војници пронашле тунел во Кан Јунис (јужна Газа) со „докази кои потврдуваат присуство на заложници“, вклучително и цртежи направени од петгодишно дете држено таму.

-Околу дваесет заложници беа заклучени во тунелите во различни периоди, во тешки услови, без дневна светлина (…) со малку кислород и страшна влажност, рече Хагари.

Премиерот Нетанјаху сака да ја продолжи војната додека Хамас не биде „елиминиран“.

-Сите во земјата, со исклучок на неговата токсична коалиција, знаат дека неговите одлуки не се донесени за доброто на земјата, дека тој само се обидува да остане на власт,синоќа   критикуваше Јаир Кац (69). „Сите сакаме тој да поднесе оставка“.

„Нашата земја ја водат криминалци кои немаат апсолутно никаков интерес за граѓаните“, рече Боаз Садех (46). „Тие не прават ништо за да ги ослободат заложниците“, додаде тој.

Во Ерусалим, исто така, синоќа се собраа околу 250 луѓе пред резиденцијата на премиерот, носејќи цвеќиња и фотографии од заложниците.

Шефот на израелската влада од 1996 до 1999 година, потоа од 2009 до 2021 година, Бенјамин Нетанјаху се врати на функцијата од изборите во 2022 година, откако формираше коалиција со ултраортодоксни и екстремно десничарски еврејски партии.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските сили неутрализираа 10 терористи на ПКК во северен Ирак

Следно

Вучиќ и Рама доаѓаат во Скопје, со Ковачевски ќе потпишат протоколи за слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop