„ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА СТОЛЕВСКИ ЈА ОСВОИ ГЛАВНАТА НАГРАДА НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТРОМСО

January 21, 2024
1 min read

Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ја освои главната награда Аурора на Меѓународниот филмски фестивал во норвешкиот град Тромсо, што се одржуваше од 15 до 21 јануари. На Столевски притоа му беше доделена награда од 5.000 евра.

Домаќинство за почетници“ е третиот филм, а прв македонски на македонско-австралискиот автор Горан Столевски. На 6 септември имаше светска премиера на 80. Филмски фестивал во Венеција во програмата Хоризонти, при што доби одлични рецензии и ја освои една од паралелните награди Квир лав. Беше и македонскиот кандидат за Оскар, но не влезе во потесната листа за номинација.

Главните улоги ги играат Анамариа Маринка и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредни улоги се македонските актерки Сара Климоска и Ајше Усеини и Розафа Челај од Косово.

На 26 јануари филмот ќе има кинопремиера во САД.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учениците утре се враќаат на настава, до крајот на учебната година ќе имаат и пролетен распуст

Следно

Браќата Маркез ќе возат заедно во Гресини Рејсинг

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop