Вака изгледаше последен пат во јавноста Кејт Мидлтон: Беше јасно дека нешто се случува, сега се опоравува во луксузна болница – но децата не смее да ја видат!

January 20, 2024
2 mins read

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон од пред 3 дена е во болница во Лондон каде мораше да оди на операција на абдоменот. Палатата Кенсингтон објави дека операцијата била успешна и дека принцезата ќе остане во болница помеѓу 10 и 14 дена.

Како што пишува Дејли Мејл, Кејт Мидлтон по операцијата се чувствува добро и опоравувањето оди добро.

Од палатата не сакаат да откриваат никакви детали за операцијата, но познато е дека и принцот Вилијам зел отсуство за да се грижи за својата сопруга и да се посвети на децата.

„Ова би можело да биде нешто што ја мачело цел живот и не можела да го реши навреме, или може да биде проблем што се појавил неодамна“, вели д-р Зои Вилијамс.

Се очекува Кејт да им се врати на кралските обврски по Велигден.

Речиси во исто време кога јавноста дозна за принцезата, кралот Чарлс објави дека ќе мора да оди во болница поради зголемена простата.

Во соопштението објавено од палатата, се наведува: „Заедно со илјадници мажи секоја година, кралот бараше третман за зголемена простата“. Следната недела кралот ќе оди во болница на корективна процедура. Јавните ангажмани на кралот ќе бидат одложени за краток период“.

Вилијамс нагласи дека најважно е Кејт да има доволно време да се опорави и дека периодот на нејзиното опоравување не е премногу стресен за неа и нејзиното семејство.

Зборуваше и докторката Дебора Ли и рече дека по операцијата на стомакот, повеќето пациенти остануваат во болница четири до седум дена. По лапароскопска хирургија, ова се намалува на два до четири дена.

„Се зависи од тоа што точно е направено. Ако пациентот треба да биде на интензивна нега, престојот во болница веројатно ќе биде значително подолг. Може да поминат два месеци или повеќе пред пациентот да се чувствува удобно и да може нормално да се движи“, рече таа.

Болницата служи мени што пациентите сами го избираат. Угостителскиот тим соработува со диететичарите за да се создаде идеално мени за пациентот.

Секоја соба има сопствено купатило, клима, ТВ и телефон.

Посетите се дозволени до 21:30 часот, но на децата не им е дозволена посета на пациентот.

Еден пациент, кој не сакаше да биде идентификуван, изјави за Мирор дека клиниката е прекрасна и изгледа како најлуксузниот хотел во центарот на Лондон.

Ниту Вилијам ниту Кејт нема да патуваат во странство во наредните месеци. Под прашање е и нивната посета на Рим, која беше планирана за пролет.

Според се, принцезата најверојатно ќе ја пропушти долгогодишната традиција во март, на Денот на Свети Патрик.

Родителите на Кејт Мидлтон, Керол и Мајкл Милдтон, како и сестрата Пипа и братот Џејмс Милдтон се подготвени да се соберат и да помогнат за време на нејзиното закрепнување дома во Виндзор. Принцот Вилијам ги одложи сите официјални обврски и ќе се грижи за децата.

Кејт Мидлтон наполни 42 години на 9 јануари, што Палатата го одбележа со официјална честитка на мрежите. Принцезата инаку е во добра здравствена состојба, но била примена во болница во 2012 година додека била бремена поради хиперемеза гравидарум, тешки утрински мачнини. Овој проблем ја мачеше за време на втората и третата бременост.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ја истепал поранешната девојка, па со другарите го тепале нејзиното ново момче

Следно

Снегот го отежна сообраќајот низ земјава

Latest from Blog

Наунова носител, Тоневски кандидат за градоначалник – ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе листата во Пробиштип

Во рамки на подготовките за локалните избори 2025, ВМРО – ДПМНЕ официјално ја поднесе својата советничка листа во Пробиштип. Листата ќе ја предводи професорката Александра Наунова, а кандидат за градоначалник е Тони

Димитриеска – Кочоска: Европската банка за обнова и развој ја движи модернизацијата на земјата

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) останува најактивен меѓународен партнер на Северна Македонија во реализацијата на стратешки проекти од значење за граѓаните и економијата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска –

Коњановски: „Секој тон од ‘Македонијо, во срце те носиме!’ е порака за љубов кон Македонија“

Со концерт исполнет со патриотски емоции и силни изведби, во Битола продолжи концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме!“. Настанот привлече голем број граѓани кои заедно со изведувачите ја славеа љубовта кон

Трамп: Зеленски и Путин се мразат толку многу што не можат да дишат, ќе морам јас да ги зближам

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја повтори својата подготвеност да воведе нови санкции врз Русија, но постави јасен услов – посилен одговор од европските земји и сојузниците од НАТО. Во разговор

Абецедарот од 1925 година – доказ за постоењето на македонското малцинство во Грција

Во 2025 година се навршуваат точно 100 години од печатењето на македонскиот буквар – Абецедарот, издаден во Атина во мај 1925 година под покровителство на Друштвото на народите. Иако никогаш не бил
Go toTop