35 романи во „трка“ за наградата „Роман на годината“

January 20, 2024
1 min read

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека во годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело нема да биде воопшто лесен.

Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по јубилеен 25-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Список на пристигнати дела за „Роман на годината“ за 2023 година:

1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
2. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
3. „Скитачот“, Матеј Богдановски, самостојно издание
4. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
5. „Писма од лудница“, Срѓан Ивановиќ, „Арс Либрис“
6. „Силуваната невеста“,Томе Илиевски, самостојно издание
7. „Цик-цак, ку-ку“, Жан Илиески, „Антолог“
8. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
9. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
10. „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“
11. „Зборови“, Јордан Коцевски, „Антолог“
12. „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“, Кристина Краличин, „ИД – Концепт консалтинг и дизајн“
13. „Савески“, Анастасија Лефкоска, НУ Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар
14. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
15. „Отуѓување“, Ѓорѓи Мешков, самостојно издание
16. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
17. „Бигор шарпланинецот: приказни за пријателството и за храброста, Ферид Мухиќ, „Три“
18. „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“
19. „Тишина“, Јелена Никодиноска Чаповска, „Паблишер“
20. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
21. „Ѓаволот има убаво лице“, Дора П., „Матица македонска“
22. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
23. „Мртва коска“, Димче Парталоски, „Арс Либрис“
24. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“
25. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
26. „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“, Мимоза Ристова, „Арс Либрис“
27. „Живот без сведоци“, Наташа Сарџоска, „Три“
28. „Пеперуга“, Мирјанка Селчанец, „Академска мисла“
29. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
30. „Ронлива“, Милена Сиљаноска, самостојно издание
31. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
32. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“
33. „Рок на траење“, Марија Трифуновска Тасеска, „Восток“
34. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
35. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ужас во Грција: Жена му забила нож на маж во грб додека влегувал во автомобил и го убила

Следно

Збогум социјалдемократијо, беше интересна појава

Latest from Blog

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што

Били Ајлиш не сакајќи кажа колку милиони има на сметката, откако им се нафрли на милијардерите (ВИДЕО)

Нејзиниот говор на доделувањето на наградите за иноватори на списанието WSJ за 2025 година во Њујорк го постави прашањето: Колку навистина вреди Били Ајлиш? Нејзиното нето богатство се проценува на околу 53

Запленети над 50.000 фалсификувани играчки „Лабубу“

Првите заплени започнаа кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, кога беа пронајдени палети од Белгија што содржеа 7.392 плишани играчки и 8.624 фалсификувани пакувања, објави

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада
Go toTop