Првиот турски астронаут Гезеравџи со прва порака од вселената: „Иднината е во небото“

January 19, 2024
1 min read

ФЛОРИДА (АА) – ЗЕЈНЕП ДУЈАР –

„Иднината е на небото“, познатата реченица на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, беше првата порака што Алпер Гезеравџи ја испрати од вселената, откако синоќа, како дел од четиричлениот екипаж замина кон Меѓународната вселенска станица и влезе во историјата како прв астронаут од Туркије кој полета во вселената, јавува Анадолу.

„Како прв човек од Туркије во рамките на првата вселенска мисија на Туркије со екипаж, кој стапнува во вселената, сакам да го започнам овој момент со зборовите на основачот на нашата Република, Мустафа Кемал Ататурк: „Иднината е на небото. “, порача Гезеравџи во првата видеопорака.

Потоа кажа неколку зборови на англиски јазик, опишувајќи го синоќешното полетување од Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида, Соединетите Американски Држави.

„Тоа беше одлично чувство почнувајќи од крајот на одбројувањето, па сè до овде. Навистина, едно одлично чувство за кое толку долго сонував“, рече Гезеравџи.

Тој истакна дека во оваа прилика сака да ги спомене и да им оддаде почит на сите оние кои ги дадоа своите животи и голем придонес во историјата на неговата татковина.

„Навистина сум привилегиран и почестен што сум дел од овој одличен тим овде. Голема благодарност до сите што работеа неверојатно напорно за да дојдеме до овој момент“, порача Гезеравџи.

Вселенската мисија „Аксиом 3“ го започна своето патување кон Меѓународната вселенска станица (ISS) доцна синоќа по успешното лансирање од Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, со својот четиричлен екипаж.

Ракетата Фалкон 9, која ја носи капсулата Драгон на Спејс икс до Меѓународната вселенска станица, лансирана е во 16:49 часот по американско локално време (22:49 часот по средноевропско време). Се очекува екипажот да се приклучи на приклучи на Меѓународната вселенска станица утре (сабота) наутро.

Гезеравџи и три членови на екипажот од Шпанија, Италија и Шведска ќе изведат повеќе од 30 научни експерименти и демонстрации на Меѓународната вселенска станица како дел од мисијата Ax-3. Гезеравџи е првиот турски патник во вселената и ќе спроведе 13 научни истражувања за време на неговиот 14-дневен престој на Меѓународната вселенска станица.

Мисијата Ax-3 ја предводи Мајкл Лопез-Алегрија, претставник на САД и Шпанија, додека екипажот го сочинуваат и Валтер Виладеи како пилот од Италијанските воздухопловни сили и Маркус Ванд од Шведска, претставник на Европската вселенска агенција.

Полетувањето првично беше планирано за 9 јануари, но двапати беше одложено за 17 јануари, а потоа за 18 јануари.

Ракетата Фалкон 9, долга 70 метри, со пречник од 3,7 метри и тешка околу 550 тони, има капацитет да носи 22.000 килограми корисен товар во ниската орбита на Земјата, 8.300 килограми во геостационарната орбита и 4.000 килограми на Марс.

Капсулата Драгон од 8,1 метар, која може да носи седум луѓе или исто толку товар во подрачјето под притисок, е дизајнирана како вселенско летало што може да носи товар и во својот заден дел без притисок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД започнаа нов напад врз Хутите

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Правото не познава предлози за министри, „празно место“ како што изјавува Ковачевски

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop